Lancôme Idôle Goddess Dimension Mono Eyeshadow високопигментирана единечна сенка за очи 1,2gr
1.860,00 ден
Зачекори подалеку од реалноста и откриј нова димензија на бои со овие повеќедимензионални сенки за очи. Со микро-воздушна технологија во прав, секоја сенка обезбедува инстантен ефект и супер мазно рамномерно лизгање по кожата без набирање во линиите. Етерични тонови, лесни за нанесување кои ги разубавуваат очите со сјаен, отворен и долготраен изглед.
Рок на употреба (од отворање): 6 месеци
- Опис
- За брендот
Опис
Со технологија на микро-воздушна технологија во прав, секоја сенка обезбедува инстантен ефект и супер мазно рамномерно лизгање по кожата без набирање во линиите. Етерични тонови, лесни за нанесување кои ги разубавуваат очите со сјаен, отворен и долготраен изглед. Високо пигментирани моно сенки за очи со светкав, мат и сатенски завршеток.
Ослободи го твојот целосен потенцијал со овие моно сенки лесни за нанесување. Доживеј беспрекорни нијанси кои лесно се лизгаат на лицето и лесно се блендаат, прилагодувајќи различни комбинации за секој изглед.
NUDE НИЈАНСИ: 1, 3, 4, 6 и 10
РОЗЕВИ НИЈАНСИ: 2 и 9
КАФЕАВИ НИЈАНСИ: 5 и
СРЕБРЕНА НИЈАНСА: 8
СИНА НИЈАНСА: 12
НАЧИН НА КОРИСТЕЊЕ:
Чекор 1: Нанеси ја сенката на целиот капак за да креираш мазна и еднаква база.
Чекор 2: Надгради го интензитетот со блендање уште една боја на преклопот на окото, за да додадеш суптилна длабочина.
Lancôme
Lancôme Paris е луксузна француска козметичка куќа, која ги дистрибуира своите производи интернационално, а од 1964 година е под сопствеништво на L’Oréal групацијата. Ова е бренд кој креира луксузни производи за нега на кожа, парфеми и шминка. Брендот е основан во 1935 година од страна на Armand Petitjean во Франција. Неговиот мотив бил едноставен – да креира бренд за убавина кој ќе ја долови француската елеганција насекаде низ светот. Името ,,Lancôme” било инспирирано од урнатините на замокот Le château de Lancosme, додека пак розите во околината биле инспирација за симболот на брендот.











