Lancôme Idôle Power L’Eau de parfum Intense 50ml + travel size 10ml + Lash Idôle Flutter Extension мини маскара 2ml

7.800,00 ден

Достапност: На залиха SKU: 3614274787474

Lancôme те кани повторно да ги откриеш чудата на деството во место каде соништата оживуваат. Во уникатна сет колекција, дизајнирана од страна на белгиската артистка Barbara Cox, препознатливата Domaine de la Rose се трансформира во Градината на Соништата, каде границите помеѓу реалноста и имагинацијата повеќе не постојат. Сетот вклучува:  Idôle Power L’Eau de parfum Intense 50ml + travel size 10ml + Lash Idôle Flutter Extension мини маскара 2ml.

Рок на употреба (од отворање): 12 месеци

Опис

Кога го носиш Idôle Power, го носиш за тебе. Со првото прснување на молекулата помароза, инспирирана од зашеќерено јаболко, ја прифаќаш двојноста помеѓу сочност и флоралност, обземајќи го твојот мултидимензионален карактер. Потоа, уникатен букет од роза ја “заробува“ срцевината, но и твоето срце. Конечно, кремастата дрвенеста база од сандалово дрво, допира до твојата сензуалност, заокружувајќи зависно-моќен мирис кој ќе направи да се вратиш по уште. Поврзи се со Idôle. Поврзи се со моќта да станеш ТИ. Со Idôle Power, твојот момент на сцената никогаш не завршува. Побарај го мирисот кој те охрабрува да бидеш и да станеш. Секогаш. Знак што совршено го доловува и возвишува твоето патување кон постанувањето. Никогаш не престанувај да бидеш ти.

Lancôme

Lancôme Paris е луксузна француска козметичка куќа, која ги дистрибуира своите производи интернационално, а од 1964 година е под сопствеништво на L’Oréal групацијата. Ова е бренд кој креира луксузни производи за нега на кожа, парфеми и шминка. Брендот е основан во 1935 година од страна на Armand Petitjean во Франција. Неговиот мотив бил едноставен – да креира бренд за убавина кој ќе ја долови француската елеганција насекаде низ светот. Името ,,Lancôme” било инспирирано од урнатините на замокот Le château de Lancosme, додека пак розите во околината биле инспирација за симболот на брендот.