Lancôme La Nuit Trésor Rouge Drama Eau de parfum Intense
8.930,00 ден
- Не можете да додадете таа сума во кошничката & mdash; имаме 1 на залиха и веќе имате 1 во вашата кошничка. Погледни кошничка
Откриј Eau de Parfum Intense во кој црвената боја е заедничка нишка која која раскажува за страста. Кадифесто елегантниот апсолут од роза од Дамаск се спојува со акорд на црвена роза, положен на раскошен и сочен слој од јагода. Во срцевината на мирисот, пачулито ја продолжува оваа прекрасна трага со неодолив и силен потпис кој не остава никого рамнодушен.
Рок на траење по отварање на производот: 24 месеци
- Опис
- За брендот
Опис
ИСКУСИ ЉУБОВ ВО ДРАМАТИЧНО ЦРВЕНА БОЈА.
Осмели се да ги истражиш најдлабоките длабочини на љубовта со La Nuit Trésor Rouge Drama, инспириран од нијансите на црвените соби во Лувр.
Смела верзија на најсмелата боја: црвената. Нејзините нови возбудливо-интензивни нијанси ќе ги засилат твоите емоции, трансформирајќи ги минливите моменти во трајни спомени.
ЗАСИЛИ ГИ ЕМОЦИИТЕ, ИСДРАМАТИЗИРАЈ ГО МОМЕНТОТ.
Отвори го своето срце на највозбудливите форми на љубовта и остави смела трага. Разбуди ја желбата за љубов без граници обвиткувајќи се во бојата на срцето кое чука. Интензитетот на смелагта црвена те предизвикува да ја прегрнеш драмата.
Драматично сензуален: Откриј го најслаткиот мирис на Lancôme, La Nuit Trésor Rouge Drama, нов интензивен Eau de Parfum. Препушти се на раскошно слаткиот мирис на јагода и мистериозен пачули, обвиткани во заводлив акорд на црвена роза. Мирис толку моќен, што ќе ги трансформира најзбунувачките емоции во високо љубовни чувства. La Nuit Trésor Rouge Drama е мирис за оние кои се подготвени да ја искусат љубовта во нејзините најпрекрасни длабочини и најинспиративни височини.
ТАЈНАТА НА НАЈСЛАТКИОТ МИРИС
Препушти се на сочната прегратка на јагода и мистериозен пачули, потопени во заводлив акорд на црвена роза.
ДРСКО ДРАМАТИЧНА ЈАГОДА: За прв пат досега, Lancôme вметна екстракт од природна јагода и му даде на идентитетот на La Nuit Trésor нова боја, за експлозија од сочност. Интензивно вкусна сензација, постигната преку метод на екстракција поддржана од високофреквентни вибрации што ја откриваат внатрешната природа на овошјето.
СМЕЛ АКОРД НА ЦРВЕНА РОЗА: Две бои на роза се спојуваат во една како двајца љубовници кои се поврзуваат во неодоливо дуо. Кадифесто елегантната роза од Дамаск се спојува со акорд на црвена роза за совршена флорална хармонија
ТАИНСТЕВН ПАЧУЛИ: Силната дрвенеста срцевина на пачули ја интензивира длабоката трага на оваа маестрална композиција. Нескротлив и опоен, La Nuit Trésor Rouge Drama е мирис во кој безнадежно ќе се заљубиш.
Lancôme
Lancôme Paris е луксузна француска козметичка куќа, која ги дистрибуира своите производи интернационално, а од 1964 година е под сопствеништво на L’Oréal групацијата. Ова е бренд кој креира луксузни производи за нега на кожа, парфеми и шминка. Брендот е основан во 1935 година од страна на Armand Petitjean во Франција. Неговиот мотив бил едноставен – да креира бренд за убавина кој ќе ја долови француската елеганција насекаде низ светот. Името ,,Lancôme” било инспирирано од урнатините на замокот Le château de Lancosme, додека пак розите во околината биле инспирација за симболот на брендот.









