Lancôme Rénergie C.R.x. Triple Serum Retinol ноќен серум со ретинол со тројно дејство за сите типови кожа
Price range: 5.220,00 ден through 11.220,00 ден
- Не можете да додадете таа сума во кошничката & mdash; имаме 3 на залиха и веќе имате 3 во вашата кошничка. Погледни кошничка
Откриј ново ниво на перформансот на нега на кожа со Rénergie C.R.x. Triple Serum Retinol.
Рок на употреба (од отворање): 6 месеци
- Опис
- За брендот
Опис
LANCÔME РЕВОЛУЦИЈА ВО НЕГАТА ЗА КОЖА СО RÉNERGIE C.R.x. TRIPLE SERUM RETINOL
Откриј ново ниво на перформанс на негата на кожа со Rénergie C.R.x. Triple Serum Retinol, најновата иновација на Lancôme, патентирана и заштитена до 2039 година.
ИНСТАНТНА ТРАНСФОРМАЦИЈА, ДОЛГОРОЧНИ РЕЗУЛТАТИ
Rénergie C.R.x. Triple Serum Retinol не е само уште еден ретинол серум. Неговата уникатна формула со тројна доза ја комбинира моќта на чист ретинол, чист витамин Ц, смирувачки x-пептиди и церамиди. Оваа тројна доза од активни состојки видливо ја обновува кожата уште од првата вечер, овозможувајќи блескав и подмладен тен. 9 од 10 жени потврдиле дека кожата им е поубава утрото по користење на производот.
Rénergie C.R.x. Triple Serum Retinol не е само уште еден ретинол серум. Неговата уникатна формула со тројна доза ја комбинира моќта на чист ретинол, чист витамин Ц, смирувачки x-пептиди и церамиди. Оваа тројна доза од активни состојки видливо ја обновува кожата уште од првата вечер, овозможувајќи блескав и подмладен тен. 9 од 10 жени потврдиле дека кожата им е поубава утрото по користење на производот.
ТАРГЕТИРАНО ДЕЈСТВО НА ТРИ КЛУЧНИ ДЕЛОВИ
БРЧКИ: Ретинол, ѕвезда кога станува збор за негата на кожа против стареење, промовира обнова на клетките на кожата и го намалува изгледот дури и на најтврдокорните брчки.
ТЕМНИ ДАМКИ: Витамин Ц, моќен антиоксидант, ги осветлува темните дамки и го изедначува тонот на кожата, давајќи ѝ на кожата блескав и здрав изглед.
ТЕКСТУРА НА КОЖАТА: X-пептидите и церамидите ја смируваат кожата и промовираат нејзино обновување, кое влијае на нејзината текстура и еластичност.
ИНОВАТИВНО ШИШЕ ЗА ОПТИМАЛНА ЕФЕКТИВНОСТ
Иновативното шишенце ја чува секоја состојка во посебна комора под оптимални услови, обезбедувајќи максимална свежина и ефективност до моментот на нанесување. Оваа иновација овозможува комбинација на состојки кои инаку не би можеле да се мешаат, создавајќи синергетски ефект за оптимални резултати.
КЛИНИЧКИ ДОКАЖАНИ РЕЗУЛТАТИ
Ефективноста на Rénergie C.R.x. Triple Serum Retinol е докажана со клинички тестови спроведени на 75 жени во период од 8 недели. Резултатите покажале видливо намалени брчки, темни дамки и подобрена текстура на кожата.
Ефективноста на Rénergie C.R.x. Triple Serum Retinol е докажана со клинички тестови спроведени на 75 жени во период од 8 недели. Резултатите покажале видливо намалени брчки, темни дамки и подобрена текстура на кожата.
Пробај ја револуционерната иновација на Lancôme и буди се секое утро со блескав и подмладен тен.
ИНСТРУКЦИИ ЗА КОРИСТЕЊЕ:
Rénergie C.R.x. Triple Serum Retinol е толку моќен што е потребно постепено да се зголемува фрекфенцијата на користење, со цел твојат кожа да се прилагоди на ретинолот.
Прва недела: Започни со нанесување на C.R.x. Triple Serum Retinol секоја трета вечер. Другите две вечери, користи го Rénergie H.C.F. Triple Serum. Наутро, нанеси ја H.P.N. UVMUNE SPF50 cream.
Втора недела: Зголеми ја толеранцијата на кожата со нанесување на серумот секоја втора вечер. Наутро, нанеси ја H.P.N. UVMUNE SPF50 cream.
Трета недела: Ослободи ја целосната моќ на ретинол иновацијата на Lancôme со нанесување на серумот секоја вечер. Наутро, нанеси ја Rénergie H.P.N. UVMUNE SPF50 cream.
Lancôme
Lancôme Paris е луксузна француска козметичка куќа, која ги дистрибуира своите производи интернационално, а од 1964 година е под сопствеништво на L’Oréal групацијата. Ова е бренд кој креира луксузни производи за нега на кожа, парфеми и шминка. Брендот е основан во 1935 година од страна на Armand Petitjean во Франција. Неговиот мотив бил едноставен – да креира бренд за убавина кој ќе ја долови француската елеганција насекаде низ светот. Името ,,Lancôme” било инспирирано од урнатините на замокот Le château de Lancosme, додека пак розите во околината биле инспирација за симболот на брендот.










