Lancôme Rénergie Multi-Lift ноќна крема против стареење со лифтинг ефект 50мл
9.970,00 ден
Lancôme е во процес на промена на пакувањето на овој производ. Без разлика дали пакувањето е ново или старо, формулата на кремата е идентична во двете верзии.
Оваа интензивна ноќна крема за лице и деколте со лифтинг ефект, отсега во ново стаклено пакување. Составот комбинира хијалуронска киселина, екстракт од лен и 6 различни липиди кои делуваат во текот на ноќта, кога процесот на регенерација на кожата е најактивен. Од ноќ во ноќ, откриј видливи резултати на својата кожа во поглед на зацврстување и намалување на видливоста на брчките.
Рок на употреба (од отворање): 12 месеци
- За брендот
Lancôme Нега за Кожа
Lancôme Paris е луксузна француска козметичка куќа, која ги дистрибуира своите производи интернационално, а од 1964 година е под сопствеништво на L’Oréal групацијата. Ова е бренд кој креира луксузни производи за нега на кожа, парфеми и шминка. Брендот е основан во 1935 година од страна на Armand Petitjean во Франција. Неговиот мотив бил едноставен – да креира бренд за убавина кој ќе ја долови француската елеганција насекаде низ светот. Името ,,Lancôme” било инспирирано од урнатините на замокот Le château de Lancosme, додека пак розите во околината биле инспирација за симболот на брендот.






