Lancôme сет Rénergie H.C.F. Triple серум за лице 50мл + Rénergie H.P.N 300 пептиди дневна крема за лице против стареење за сите типови на кожа 15 мл + Rénergie ноќна крема за лице 15мл
10.140,00 ден
За празничната сезона која ни претстои Lancôme ни ја претставува лимитираната колекција од подароци дизајнирани од француската уметничка Safia Ouares. Овој подарок сет ги содржи следните производи на Lancôme:
– Renergie H.F.C. Triple – серум за лице 50мл Унапредена формула дизајнирана да ја измазни појавата на ситни линии и да го минимизира изгледот на нееднаков тон на кожата. Хијалуронската киселина, витамин Ц, ниацинамид и феруличната киселина во составот овозможуваат потхрана, видлива осветленост на тенот и помош во борбата против загадување.
– Renergie H.P.N 300 Peptide дневна крема за лице против стареење на кожата со пептиди, ниацинамид и хијалуронска киселина за сите типови на кожа 15мл
– Renergie ноќна крема против стареење за сите типови на кожа 15 мл
Начин на користење:
1. При првото нанесување, притисни неколку пати додека не се истиснат трите формули од серумот.
2. Наутро и навечер, истисни две дози на дланката и помешај ги трите формули за да се соединат.
3. Нанеси на лицето и вратот со масирачки движења кон горе, од средината на лицето кон надвор. По апликација на серумот, нанеси ја својата омилена хидратантна крема. За оптимални резултати користи го заедно со Advanced Génifique линијата и во комбинација со крема со заштитен фактор.
Рок на употреба (од отворање): 12 месеци
- За брендот
Lancôme Нега за Кожа
Lancôme Paris е луксузна француска козметичка куќа, која ги дистрибуира своите производи интернационално, а од 1964 година е под сопствеништво на L’Oréal групацијата. Ова е бренд кој креира луксузни производи за нега на кожа, парфеми и шминка. Брендот е основан во 1935 година од страна на Armand Petitjean во Франција. Неговиот мотив бил едноставен – да креира бренд за убавина кој ќе ја долови француската елеганција насекаде низ светот. Името ,,Lancôme” било инспирирано од урнатините на замокот Le château de Lancosme, додека пак розите во околината биле инспирација за симболот на брендот.







