Biotherm Life Plankton ампули за лице
3.820,00 ден
Не дозволувај стресот, недостатокот од сон или други надворешни влијанија да се забележуваат на тебе! Дај и на твојата кожа инстантна сила да се обнови самата – со Life Plankton ™ амплулите на Biotherm. Ниското ниво на влажност, опуштената и уморна кожа се интензивно негувани при третманот со овие амплули, кои ја враќаат нејзината виталност. Збогатени со регенеративна активна компонента Life Plankton ™ и хијалуронска киселина, овие beauty ампули видливо ги редуцираат брчките за само 8 дена. Biotherm додаде хијалуронска киселина со краток ланец во формулацијата за постигнување ефект на длабока регенерација и хидратација. Антиоксидантот, како и регенеративните својства на Life Plankton ™ ја спречуваат зголемената формација на слободни радикали како резултат на оксидативниот стрес. За максимална ефикасност, содржината на секоја beauty ампула се состои од 5% Life Plankton ™ и 1.5% хијалуронска киселина. Високо ефикасната комбинација ја зацврстува кожната бариера и ја заштитува кожата од губиток на влага. Знаците на стареење и предвремено стареење на клетките се редуцирани со помош на антиејџ ампулите, правејќи ја кожата младешки сјајна долго време. Life Plankton ™ ампулите веднаш ја навлажнуваат и ја исполнуваат кожата така што знаците на умор и сувост, како и брчките исчезнуваат. Кожата изгледа моментално повитална, сјајна и изедначена.
Начин на употреба:
На свежо измиено лице нанесете два пати неделно од ампулата. Нежно со кружни движења втријте ја во кожата на лицето, а потоа исплакнете.
- За брендот
Biotherm
Biotherm е премиум бренд за нега на кожа познат по својата комбинација на напредна биотехнологија и природни состојки. Инспириран од моќта на водата и термалните извори, брендот создава производи збогатени со Life Plankton™, уникатна состојка со смирувачки и регенерирачки својства. Biotherm нуди ефикасна нега за лице и тело, со лесни текстури, свежо чувство и формули кои ја хидрираат, заштитуваат и ревитализираат кожата.








