Lancôme Rénergie H.C.F. Triple Serum високо-ефективен anti-age концентрат за околу очи 20мл

6.470,00 ден

Погледни кошничка
Достапност: На залиха SKU: 3614274170207

Нова ера на висока ефективност за спречување на појавата на знаци на стареење. Револуционерна формула која во една тројна доза комбинира три активни состојки кои се познати по нивните комплементарни и симултани ефекти врз знаците на стареење на кожата, а кои досега се сметаа за некомпатибилни: хијалуронска киселина, витамин Ц + ниацинамид и ферулинска киселина. Моќниот ефект против стареење на Rénergie H.C.F. Triple серумот сега специјално прилагоден за пределот околу очите. Rénergie го прави невозможното возможно со патентирано шише кое содржи уникатна комбинација на активни состојки. Секој серум е заштитен од оксидација, светлина и нечистотии во сопствените комори за да обезбеди висока ефикасност против стареење од првата до последната употреба.

Начин на користење:

Користете го серумот во својата секојдневна рутина наутро и навечер, на претходно темелно исчистено лице. Пред првата употреба на серумот свртете го шишето наопаку и енергично протресете неколку пати, за да ги активирате формулите.
Чекор 1: За една апликација, нанесете 2 испумпувања на раката.

Чекор 2: Мешајте со врвот на прстите додека трите формули не се спојат во една серумска текстура.

Чекор 3: Нанесете го серумот во пределот околу очите со нежни движења.

Чекор 4: Нанесете од вашата дневна крема за околу очи.

Совет: Користете го со Advanced Génifique серумот за лице за зајакнување на бариерата на кожата и зголемување на сјајот. Прво нанесете Advanced Génifique, а потоа нанесете Rénergie H.C.F. Triple серумот за лице.”

Ефект (главни придобивки од производот):

✓ -31% намалени мимични линии
✓ +8% затегнати очни капаци
✓ -15% надуена област околу очите

Рок на употреба (од отворање): 12 месеци

Lancôme

Lancôme Paris е луксузна француска козметичка куќа, која ги дистрибуира своите производи интернационално, а од 1964 година е под сопствеништво на L’Oréal групацијата. Ова е бренд кој креира луксузни производи за нега на кожа, парфеми и шминка. Брендот е основан во 1935 година од страна на Armand Petitjean во Франција. Неговиот мотив бил едноставен – да креира бренд за убавина кој ќе ја долови француската елеганција насекаде низ светот. Името ,,Lancôme” било инспирирано од урнатините на замокот Le château de Lancosme, додека пак розите во околината биле инспирација за симболот на брендот.