Maison Margiela REPLICA Afternoon Delight тоалетна вода за мажи и жени
Price range: 5.280,00 ден through 10.360,00 ден
Тоалетната вода Afternoon Delight го доловува моментот на уживање во свое друштво, носејќи те во париско кафуле, каде прекрасната арома на топли медленки колачи го исполнува воздухот.
- Опис
- За брендот
Опис
Afternoon Delight Eau de Toilette го доловува моментот на уживање во свое друштво, носејќи те во париско кафуле, каде прекрасната арома на топли медленки колачи го исполнува воздухот. Овој сладок, но сепак лесен килибарно-гурмански мирис, ги отсликува моментите на весело бегство.
Во срцевината на мирисот се наоѓаат ноти на медленки, доловувајќи го чувството на удобност на Afternoon Delight и пренесувајќи момент поминат со себеси, каде cекојдневието избледува. Овие ноти се помешани со кремастите и дрвенести ноти на сандалово дрво, додека слаткоста на мадагаскарска ванила остава трага во воздухот. Сите овие ноти го рефлектираат споменот на моментот поминат со себеси.
За да го компонира REPLICA Afternoon Delight, мастер парфимерот Carlos Benaïm бил инспириран од транспортирачкото чувство овековечено од страна на Marcel Proust во неговиот роман од 1913 година: “À la recherche du temps perdu“, или во превод „Потрага по изгубеното време“. Од тогаш, медленките станаа симбол на пауза и потсетување на сеќавањето на минливо уживање. Maison Margiela REPLICA Afternoon Delight е мирис кој го доловува овој прекрасен момент во прецизно изработена уметничка мирисна креација.
Maison Margiela
Модниот бренд Maison Margiela е основан од белгискиот дизајнер Martin Margiela во 1988 година. Оваа париска модна куќа отсекогаш имала неконвенционален пристап и секогаш ги турка границите кога станува збор за креирање машка и женска мода. Првиот мирис од линијата Replica е лансиран во јуни 2010 година. Сите Maison Margiela парфеми имаат специфични уникатни, пенливи, зачинети, овошни и флорални ноти. Линијата Maison Margiela Replica се првенствено унисекс мириси, погодни за единствените и елегантни мажи и жени. Се работи за мириси кои ги рекреираат бесценетите спомени од нашето минато и ни даваат одговор на прашањето како мирисаат спомените. Свежите и необични парфеми го рефлектираат неконвенционалниот пристап кон луксузната мода на дизајнерот Martin Margiela.











