-20%
Matrix Instacure Build-A-Bond шампон за оштетена коса и испукани влакна 300мл
Original price was: 1.010,00 ден.810,00 денCurrent price is: 810,00 ден.
Оштетената коса и испукани влакна не треба повеќе да те загрижуваат!
Шампонот за коса Instacure Build-A-Bond е збогатен со лимонска киселина и сквалан кои ја потхрануваат косата без притоа да му тежат на влакното. Со континуирана употреба на шампонот во комбинација со регенератор, косата се ревитализира, зацврстува и омекнува. Формулата има двојно дејство: преку лимонската киселина делува во внатрешната структура на влакното и го зацврстува, додека пак скваланот го омекнува и измазнува надворешниот дел од влакното. Оваа професионална формула е тестирана и одобрена од професионалните фризери.
Неодоливо забавна текстура – кремаста формула во розева боја која инстантно се впива во косата и веднаш ја прави лесна за расчешлување. Неодолив мирисен спој од лимонов сок и лимонов цвет во комбинација со мирис од божур и цвет од скоква, сите заедно поставени на интензивна мирисна основа од килибар и мошус.
ПРИДОБИВКИ:
– Го обновува оштетувањето и ја зацврстува косата одвнатре.
– Го намалува кршењето и разделените врвови.
– Обезбедува 8 пати поцврста и 94% помазна коса* (*Со користење на системот Instacure Build-A-Bond шампон, регенератор, маска и балсам во споредба со регуларен шампон).
– 83% од испитаниците велат дека косата се чувствува оживеано веднаш по едно користење** (**базирано на потрошувачки тест)
КЛУЧНИ КАРАКТЕРИСТИКИ:
– Професионален шампон за мега оштетена коса.
– Луксузна текстура за богата пена.
– Погоден за боена и осветлувана коса.
– Не содржи сулфати.
– Не содржи парабени и минерални масла.
– Веганска формула.
НАЧИН НА КОРИСТЕЊЕ:
Нанеси на мокра коса. Запени, а потоа темелно исплакни. Продолжи со Mighty Care балсамот или Instant Revival течната маска.
- За брендот
Matrix
Matrix е професионален бренд за нега и стилизирање на коса, познат по своите иновативни формули и врвен квалитет. Брендот нуди производи за хидратација, заштита, боја и обновување на косата, создадени за сите типови коса и модерни стилови. Matrix комбинира професионална експертиза и креативност за здрава, сјајна и негувана коса.











