Paco Rabanne Million Gold Eau de Parfum Intense

8.310,00 ден

SKU: 123-123-123-53

1 Million Gold – Ултра сензуално и дрвенесто дополнување во колекцијата, кое помешува свежа мандарина и топло кедрово дрво со сандалово дрво.

За брендот:
„Кога се работи за креативност, никогаш не станува збор за заведување, туку за шокирање. Пробувам да создадам моќни моменти затоа што единствено емоциите ја кажуваат вистината.“ – Paco Rabanne
Francisco (Paco) Rabaneda Cuervo e француски дизајнер со шпанско потекло. Првичната професионална определба, иронично, е апсолутно спротивна на неговите подоцнежни интереси и кариера. Како архитект, неговите идеи се рефлектираат во неговите креации и мириси, презентираат едно необично светло, интересена имплементација на градежништвото во модата и мирисниот универзум. Дизајнерот кој Coco Chanel го нарекува „металскиот работник„ отвори нови хоризонти, една нова модерна ера. Неговата ексцентричност и ексклузивност дава објаснување на мотото на брендот – „ОСМЕЛИ СЕ!“.

Опис

Ултра дрвенест и вибранетен парфем, кој помешува ноти на мандарина со топло кедрово дрво, кремасто сандалово дрво и топло-ледената зачинетост на циметот, со цел да создаде опојна сензуалност од  Million Gold мажот.

Шишето е мазно и помоќно од било кога. Новиот дизајн на препознатливото Million шише на Rabanne ја изразува непристојната рафинираност на Million мажот. Легендарното шише доаѓа со нов детал кој останува вграден во богатата историја на модната куќа: препознатливата XL алка. Како вистинско впечатливо парче, оваа нова креација ја изразува визијата на Rabanne за машката самодоверба. Ултимативниот симбол на златниот успех.

Нурни во златниот весел свет со Million Gold Eau de Parfum Intense. Овој мирис е смела изјава која повторно ја испишва визијата на Million мажественоста. Содржи ноти на свежа мандарина со додаден кардамом за да се сетира темпото, додека во срцевината кремастото сандалово дрво додава ултра дрвенеста и живописна доза. Покрај овие ноти, содржи и цимет и кедрово дрво за долготраен впечаток.