Eisenberg Toning Lotion - лосион за чистење на лице
За производот:
Смирувачки свеж лосион кој го буди вашиот тен наутро и совршено ја надополнува вашата рутина за чистење навечер. Екстрактите од сладок корен, Witch Hazel и вода од роза ја тонизираат и деконгестираат вашата кожа. Може да го користите лосионот и преку шминка, како би ја освежиле кожата, го вратите нејзиниот природен сјај и го избегнете чувството на затегање од пудрите кои ја сушат кожата во текот на денот. Погоден е за сите типови на кожа и возрасни групи.
Како се користи:
Наутро и навечер, или во било кое време во текот на денот, освежува, смирува и тонизира. Нанесете со помош на памучна подлога.
Ефект (главни придобивки од производот): Смирува и освежува
3.099,00 ден
Прочитај повеќеEisenberg Instant Smoothing Exfoliator - гел пилинг за лице
За производот:
Овој гел содржи микронизирани честички од вулканска карпа со инкапсулиран витамин Е кои нежно ја ексфолираат кожата и ја прават мека, мазна и совршено чиста. Гел пилинг кој ги елиминира нечистотиите, ја стимулира микроциркулацијата и клеточното обновување. Погоден е за сите типови на кожа и возрасни групи.
Како се користи:
Нежно масирајте на влажна кожа додека целосно не се стопат црвените гранули исполнети со витамини. Откако ќе се добиете пена, темелно исплакнете го вашето лице со вода. Да се користи еднаш или двапати неделно.
Ефект (главни придобивки од производот): Моментално ја измазнува кожата, ја прави мека и темелно ја чисти
4.111,00 ден
Прочитај повеќеEisenberg Firming Remodelling Mask - маска за регенерирање и сјај на кожата
За производот:
Волшебна маска против стареење за моментално, интензивно подигнување, зацврстување и густина.
Инфузија со инкапсулирани витамини А и Е, масло од семе од грозје и екстракти од зелен чај, оваа лесна емулзија промовира цврстина и ги минимизира брчките и дамките. Специјално формулирана за подигнување на контурата на лицето и очите, маска која го враќа сјајот на кожата. Задолжителен производ за уморна кожа без сјај. Погоден е за сите типови на кожа и возрасни групи.
Како се користи:
Нанесете тенок слој на претходно темелно исчистеното лице, на контурата на очите, вратот и/или градите.
• Моментален ефект: нанесете на местото на кое сакате да постигнете ефект и оставете да делува 5 минути.
• Интензивен третман „Супер Зацврстувач“: нанесете секој ден, во период од 8 до 15 последователни дена, на деловите на кои сакате да постигнете ефект, и оставете да делува 5 минути.
• Релаксирачки третман „Спа ден“: нанесете еднаш или двапати неделно и оставете да делува 15 минути.
Исплакнете со млака со вода.
Третира (тип на проблем): Моментално дејство против стареењето , ја зацврстува кожата, ја подобрува нејзината еластичност, ги намалува брчките околу очите на лицето и вратот.
Ефект (главни придобивки од производот): Видливо ревитализира и подигнува за само неколку минути.
5.375,00 ден
Прочитај повеќеEisenberg All-Over Moisturising Mask - хидратантна маска за лице
За производот:
Интензивен извор на енергија, овој океанско-зелен гел, збогатен со хијалуронска киселина, ја хидрира кожата додека црвените алги ја балансираат нејзината природна pH вредност, ги елиминираат токсините и го измазнуваат тенот. Кожата е веднаш посјајна и помазна, и ја враќа својата еластичност. Специјално дизајниран за контурата на лицето и очите. Задолжителен производ за дехидрирана кожа. Погоден е за сите типови на кожа и возрасни групи.
Како се користи:
Нанесете тенок слој на претходно темелно исчистеното лице, на контурата на очите, вратот и/или градите.
• Моментален ефект: нанесете на местото на кое сакате да постигнете ефект и оставете да делува 5 минути.
• Интензивен третман „Супер Зацврстувач“: нанесете секој ден, во период од 8 до 15 последователни дена, на деловите на кои сакате да постигнете ефект, и оставете да делува 5 минути.
• Релаксирачки третман „Спа ден“: нанесете еднаш или двапати неделно и оставете да делува 15 минути.
Исплакнете со млака со вода.
Ефект (главни придобивки од производот): Го враќа природниот сјај на кожата, ја хидрира и ја враќа нејзината еластичност
5.375,00 ден
Прочитај повеќеEisenberg Moisturising Smoothing Serum - хидратантен серум против стареење на кожата
За производот:
Овој крем-серум ги оптимизира придобивките од вашата рутина за нега на кожата. Неговите измазнувачки својства против стареење на кожата се веднаш видливи. Неговата формула претставува комбинација од моќни навлажнувачки состојки – пептиди, против брчките, како и витамини А, Е и Ф кои ги зајакнуваат одбрамбените механизми на кожата и интензивно се борат со слободните радикали. Специфичен третман за уморна, дехидрирана кожа, за сите возрасни групи.
Како се користи:
Користете го преку целата година или како интензивен третман. Наутро и/или навечер, 3 испумпувања од серумот нанесете на претходно темелно исчистено лице, контурите на очите, вратот и градите. Секогаш по нанесување на серумот, нанесете од вашата дневна крема за лице.
Ефект (главни придобивки од производот): Ја хидрира кожата и делува против видливите знаци на стареење.
6.198,00 ден
Прочитај повеќеEisenberg Eye Contour Gel - гел против подуеност околу очите
За производот:
Формула која има за цел тонирање, хидратација и намалување на отокот во пределот околу очите. Гел текстура која лесно се впива во кожата. Формула составена од вода од пченкарен цвет кој е познат по своето смирувачко дејство, витамин Е, хијалуронската киселина и маслата од пченични никулци и бораж, кои се борат против стареењето на пределот околу очите. Одлична основа за шминка. Целен третман за уморни и подуени очи со тешки очни капаци. Пределот околу очите е затегнат, ревитализиран и удобен. Овој производ ги намалува знаците на замор.
Како се користи:
Наутро и/или навечер на претходно темелно исчистено лице, нежно со кружни движења и блага масажа нанесете по едно испумпување на двете очи, вклучувајќи ги и очните капаци.
Ефект (главни придобивки од производот): Го ревитализира пределот околу очите, ја намалува нивната подуеност, ги намалува знаците на замор
5.692,00 ден
Прочитај повеќеEisenberg Eye And Lip Contour Cream - 2во1 крема против стареење за очи и усни
За производот:
Ултра нежна крема против брчки, наменета за нежните области околу очите и усните. Формула составена од магичен коктел од ефикасни состојки кои му се спротивставуваат на стареењето, комбинацијата на масло од семе од грозје, црн бозел и хијалуронска киселина се силна одбрана од возраста, длабока хидратација и живост. Маслото од семе од грозје е особено богато со витамини А и Е. Неговата висока содржина на Омега-6 ја потхрануваат и хидрираат кожата, содржи антиоксиданси кои се борат против природното и предвременото стареење. Хијалуронската киселина помага во зачувување на главните карактеристики на младешката кожа: еластичност, еластичност и тонус. Идеална основа за шминка за чувствителната кожа околу очите. Целен третман кој ги брише фините линии од областа на очите и усните.
Како се користи:
Нанесете наутро и/или навечер на претходно темелно исчистено лице. Нежно намачкајте една капка на очните капаци и контурите на очите и усните.
Ефект (главни придобивки од производот): Областите околу очите и усните се измазнуваат, навлажнуваат и се ревитализираат. Ги намалува фините линии и знаците на замор.
5.692,00 ден
Прочитај повеќеEisenberg Moisturising Fluid Cream - хидратантен крем флуид за лице
За производот:
Лесна како пердув! Деликатна универзална емулзија, мека на допир и невидлива на кожата. Хијалуронската киселина, маслата од јаглика и макадамија гарантираат хидратација и свежина, а во комбинација со витамините А и Е, овој хидратантен крем флуид се бори против слободните радикали. Одлична основа за шминка, која ја прави кожата мека, мазна и заштитена. Погоден е за сите типови на кожа и возрасни групи.
Како се користи:
Нанесете наутро и/или навечер на претходно темелно исчистено лице и врат. Може да се користи самостојно или врз серум.
Ефект (главни придобивки од производот): За хидратација на кожата
3.921,00 ден
Прочитај повеќеEisenberg Moisturising Rich Cream - збогатена хидратантна крема за лице
За производот:
Кожата е мазна и кадифена благодарение на текстурата на овaa кремa. Хијалуронската киселина, маслата од вечерна јаглика и макадамија обезбедуваат долготрајна хидратација, а во комбинација со витамините А и Е, оваа хидратантна крема се бори против слободните радикали. Одлична основа за шминка, која ја прави кожата мека, мазна и заштитена.
Како се користи:
Нанесете наутро и/или навечер на претходно темелно исчистено лице и врат. Може да се користи самостојно или врз серум.
Ефект (главни придобивки од производот): За хидратација на кожата
3.921,00 ден
Прочитај повеќеEisenberg Nourishing Ultra-Rich Cream - збогатена хидратантна крема за лице
За производот:
Нежна крема со свиленкаста текстура наменета за многу сува кожа, дури и чувствителна. Нејзината идеална концентрација на шеа путер ја храни и хидрира кожата, ја прави мека и ја поттикнува регенерацијата на клетките, забавувајќи го процесот на стареење на кожата, додека екстрактот од бисабол ја омекнува и смирува. Кожата е полна и измазнета.
Како се користи:
Нанесете наутро и/или навечер на претходно темелно исчистено лице и врат. Може да се користи самостојно или врз серум.
Ефект (главни придобивки од производот): За длабока хидратација на кожата
4.300,00 ден
Прочитај повеќеEisenberg Hydra Lifting - хидратантна крема за лице со лифтинг ефект
За производот:
Интензивно хидратантна крема со лифтинг ефект, за зачувување на младоста на кожата. Ултра фин гел крем, специјално дизајниран за дехидрирана кожа која претпочита лесни гел-крем текстури. Овој хидратантен крем со високи перформанси веднаш обезбедува интензивна и долготрајна хидратација. Неговата формула е концентрирана во растителни и биотехолошки активни состојки кои обезбедуваат и задржуваат вода и имаат дополнителни антиоксидирачки и регенерирачки придобивки. Формула составена од екстракт од коренот Imperata Cylindrica, витамин Е, во комбинација со шеа путер и масло од арган кои делуваат анти-иритирачки и смирувачки на кожата, и и обезбедуваат оптимална хидратација на горните слоеви на и до 24 часа.
Како се користи:
Нанесете наутро и/или навечер на претходно темелно исчистено лице и врат. Може да се користи самостојно или врз серум.
Ефект (главни придобивки од производот): Обезбедува интензивна и долготрајна хидратација. Кожата веднаш станува еластична и и дава чувство на удобност.
10.688,00 ден
Прочитај повеќеEisenberg Anti-Stress Treatment - анти стрес крема за лице против иритации
За производот:
Формула составена од шеа путер и бисабол која и нуди на вашата кожа совршено релаксирачко чувство и
смирувачки ефект. Крема дизајнирана за кожа која е иритирана, која се бори против состојбите на кожата предизвикани од стрес. Го ребалансира микробиомот на кожата, веднаш ја смирува и го враќа природниот сјај на тенот.
Како се користи:
Навечер на темелно исчистено лице и врат. Може да се користи самостојно или врз серум.
Ефект (главни придобивки од производот): Ја хидрира и ја смирува иритираната, чувствителна кожа
9.107,00 ден
Прочитај повеќеEisenberg Anti-Age Treatment - крема за лице против стареење на кожата
За производот:
Крема против стареење! Лесна кремаста текстура која лесно се впива во кожата, збогатена формула со екстракт од борагот кој го одложува стареењето на кожата и појавата на брчки. Спречува дехидрација и губење на еластичноста, витамин А кој помага да се зголеми нивото на колаген во кожата, ги подобрува нејзините природни функции и ја подобрува ензимската активност и растителните керамиди кои ја навлажнуваат и ја реструктуираат кожата, додека црвените алги и витамините Е и Ц се борат против слободните радикали кои можат да го забрзаат природниот процес на стареење на кожата.
Како се користи:
Нанесете наутро и/или навечер на претходно темелно исчистено лице и врат. Може да се користи самостојно или врз серум. За уморна кожа нанесете секојдневно наутро и навечер.
Ефект (главни придобивки од производот): Ја измазнува, зацврстува и подмладува кожата.
10.688,00 ден
Прочитај повеќеEisenberg Anti-Age Complex - гел за лице против стареење на кожата
За производот:
Ексклузивна освежувачка формула, навлажнувачки гел со подмладувачки, лифтинг ефект. Доживејте вистинско блаженство со оваа висококвалитетна формула, збогатена со ревитализирачките и зацврстувачките состојки од растителните масла и витаминот Е. Сето тоа во нова иновативна текстура која навлажнува и зацврстува. Совршен за нормална кожа, гел со немасна текстура кој е идеален за употреба и за време на менопаузата.
Како се користи:
Нанесете наутро и/или навечер на претходно темелно исчистено лице и врат. Може да се користи самостојно или врз серум.
Ефект (главни придобивки од производот): Ја измазнува, зацврстува и подмладува кожата.
5.692,00 ден
Прочитај повеќеEisenberg Neck, Bustline and Breast Cream - крема за врат, деколте и гради
За производот:
Роден од пионерското истражување на Eisenberg, овој третман против стареење со високи перформанси ја коригира опуштената кожа на вратот, деколтето и градите. Се користи секојдневно, ја враќа и зајакнува цврстината и еластичноста, ги обликува и подига, а исто така се бори против предвременото стареење преку стимулирање на експресијата на младешките протеини.
Неговата лесна, свиленкаста текстура лесно се впива во кожата, ослободувајќи ги корисните активни состојки на Trio-Molecular® формула. Исто така, содржи таргетирани состојки и екстракт од матични клетки од Lotus Japonicus, супер реактиватор кој го помага природниот процес на регенерација.
За хидрирана, измазнета, тонирана кожа која изгледа полна со младешки сјај. Вратот, деколтето и градите се ранливи на стареење на кожата, варијации во тежината, мајчинство и доење. Овие деликатни области бараат специфична грижа, било како превентивен или корективен третман, со цел да се врати цврстата кожа.
Како се користи:
Начин на нанесување:
Нанесете самостојно или по Sérum Affinant Visage, со нежно масирање од брадата кон надворешната страна на лицето, а потоа надолу по вратот до клучните коски.
Гради: Користете нежни движења нагоре. Започнете од помеѓу градите, движејќи се нанадвор и нагоре кон клучните коски.
Интензивна нега: се нанесува наутро и навечер најмалку 56 дена.
Нега за одржување или редовна секојдневна употреба: нанесете навечер на претходно темелно исчистен врат, деколте и по потреба на градите.
Ефект (главни придобивки од производот): Од брадата до градите, вашата кожа е тонирана, измазнета и преобликувана.
10.118,00 ден
Прочитај повеќеEisenberg Eye Contour Gel - гел за околу очи за мажи
За производот:
Гел крема против подуеност околу очите. Хидратантен гел, кој делува против стареењето на пределот околу очите. Моќна, високо-технолошка формула која делува на епидермисот, богата со растителни масла и витамини А и Е кои помагаат да се зголеми нивото на колаген на кожата, ги подобрува нејзините природни функции и ја промовира ензимската активност. Особено корисен за нега против стареење, помага во одржување на помлада кожа, подобрување на текстурата, цврстината и хидратацијата.
Како се користи:
Нанесете наутро и/или навечер на претходно темелно исчистено лице. Нанесете мала количина од гелот на врвот на домалиот прст и со нежни кружни движења нанесете во пределот околу очите.
Ефект (главни придобивки од производот): Свеж, одморен предел околу очите. Ја измазнува кожата и го намалува отокот.
5.375,00 ден
Прочитај повеќеEisenberg Essential Moisturising Balm - гел - крема за хидратација за мажи
За производот:
Суштински третман кој и ја обезбедува потребната хидратацијата на кожата. Текстурата на гел-крем дава извонредна свежина и благосостојба. Ја остава кожата еластична, удобна, здрава и хидрирана во текот на целиот ден. Погоден е за сите типови на кожа и возрасни групи. За мажи кои бараат навлажнувачки крем кој може да се користи и како балзам после бричење. За сите типови на кожа и возрасти.
Како се користи:
Нанесете секојдневно на темелно исчистено лице и врат, самостојно или после бричење. За позрела кожа може да се користи во комбинација со Complexe Anti-Аge.
Ефект (главни придобивки од производот): Ја остава кожата свежа, хидрирана и и дава чувство на удобност во текот на целиот ден.
4.553,00 ден
Прочитај повеќеEisenberg Silver Essential Mask - сребрена есенцијална маска за мажи
За производот:
Мултифункционална сребрена гел-крем маска за лице и очи со непосреден ефект против замор и чиста кожа!
Истражувањето на EISENBERG разви формула со коктел од моќни активни состојки за прочистување, хидратација, подигнување и детоксикација на кожата во еден чекор:
– Каолин состојка која нежно ја чисти кожата.
– Хијалуронска киселина со висока молекуларна вредност која и нуди на вашата кожа хидратација, ја прави мазна мазна.
– Среброто – прочистува, регенерира и смирува
– Екстрактот од Моринга има интензивни својства за детоксикација и делува против слободните радикали.
– Биотехнолошкиот тензорски агенс работи на цврстината на кожата и на нејзината површина за потонирана и сјајна кожа
Резултат: кожата е видливо хидрирана, измазнета и затегната. Се намалуваат знаците на замор и брчките. Сосема нова кожа за само неколку минути!
Како се користи:
Нанесете на исчистено лице по контура на очите и вратот.
За моментален „лифтинг ефект“, оставете да делува 5 мин.
За многу уморна кожа, користете секојдневно, по 5 минути во текот на 1 месец.
Ефект (главни придобивки од производот): Ја хидрира кожата, го враќа нејзиниот природен сјај, детално ја чисти, поткрева и тонира.
6.450,00 ден
Прочитај повеќеEisenberg Anti-Age Complex - крема против стареење на кожата за мажи
За производот:
Збогатена формула која делува превентивно и корективно против знаците на стареење, оваа крема е концентрирана со активни состојки која ги намалува брчките, делува против стареење на кожата и нејзина хидратација. Хијалуронска киселина, масло од Кукуи и протеин од свила даваат длабока ревитализација. Ја остава кожата зацврстена и тонирана во текот на целиот ден.
Како се користи:
Нанесете секојдневно на темелно исчистено лице и врат. Може да се користи самостојно како крема или како балзам после бричење.
За позрела кожа, користете го самостојно или наизменично со Baume Essentiel Hydratant.
Ефект (главни придобивки од производот): Длабоко ревитализирана, кожата е зацврстена и тонирана во текот на целиот ден.
6.450,00 ден
Прочитај повеќеEisenberg Whitening Corrector - кремаст серум за избелување на темни дамки
За производот:
Correcteur Lumière, интензивен третман кој ги коригира темните дамки. Неговата исклучителна формула ја комбинира осветлувачката моќ на екстрактот од цветот Bellis Perennis и витамин Ц кој делува против слободните радикали во комбинација со витамн Е кој го одложува процесот на стареење на кожата. Обезбедувајќи моќно корективно дејство, овој крем-серум и помага на кожата да го врати нејзиниот природен сјај.
Третман кој има и заштитен фактор, кој е од суштинско значење за заштита на кожата и оптимизирање на резултатите во текот на денот. Дерматолошки тестиран на сите типови кожа, вклучително и Азиска кожа.
Како се користи:
Наутро и навечер, во мала количина, локално или на целото лице, врат и градите, пред вашиот дневен крем со заштитен фактор. Се препорачува минимум 2 -месечен редовен третман.
Ефект (главни придобивки од производот): Темните дамки се видливо намалени. Тенот е порамномерен.
9.043,00 ден
Прочитај повеќеEisenberg Day Crème spf 50 - хидратантна крема за лице со заштитен фактор SPF 50
За производот:
Хидратантен дневен крем со интензивна SPF50+ PA+++ заштита, неопходен за одбрана од агресијата на УВ зраците. Комбинира ефективни креми за сончање со витамин Е за заштитно и антиоксидантно дејство. Цветниот екстракт од Bellis Perennis и витаминот Ц ја спречуваат појавата на темни дамки. Дерматолошки тестиран на сите типови кожа, вклучително и Азиска кожа. Без мирис, без бои.
Како се користи:
Нанесете го секое утро, по можност после вашиот Pure White серум, нанесете на целото лице, но избегнувајте го пределот околу очите, во пределот на вратот и деколтето.
Ефект (главни придобивки од производот): Хидрирана и заштитена кожа
7.273,00 ден
Прочитај повеќеEisenberg Excellence Gold Ultralift Mask - златна маска за пределот околу очите со лифтинг ефект
За производот:
Златната ултралифт маска која делува против знаците на стареење, има регенерирачко дејство за контурата на очите специјално дизајнирана за подигнување, хидратација и подмладување на пределот околу очите.
Во срцето на иновациите, моќен комплекс во кој златото и ултра- поткревачките пептиди кои го зајакнуваат колагенот работат во синергија, за да обезбедат глобални придобивки против стареење, против брчки, подигнување и обновување видливи уште од првата апликација. Богата со висока молекуларна хијалуронска киселина, оваа скапоцена формула на гел-крем интензивно ја навлажнува и ја вреќа свежината на контурата на очите.
Резултат: фините линии се измазнуваат, а длабоките брчки се намалуваат. Контурата на очите изгледа видливо помлада и блескава.
Како се користи:
Со помош на четката која е во самото пакување или директно со прстите, нанесете ја на претходно темелно исчистената контура на очите. Оставете ја да делува од 5 до 15 минути, а потоа отстранете ја со влажна памучна подлога.
Ефект (главни придобивки од производот): Хидрира, го подигнува и затега пределот околу очите
8.480,00 ден
Прочитај повеќеEisenberg Excellence Masque Crème Magique - маска за пределот околу очите
За производот:
Формула составена со најсовремени истражувања за ефективни, иновативни активни состојки за интензивна регенерација. Оваа нежна, удобна маска обезбедува моментален одморен изглед. Формулата Trio-Molecular® обезбедува ефективно дејство против стареење, додека кофеинот ги намалува отокот и темните кругови – како магија! Биотехнолошкиот тензорски агенс ја зацврстува кожата и ја зголемува синтезата на колаген.
Како се користи:
Нанесете од маската на претходно темелно исчистена контура на очите еднаш или двапати неделно. Оставете да делува 15 минути, остатокот од маската нежно втријте го во пределот околу очите или отстранете го со помош на влажна памучна подлога.
Ефект (главни придобивки од производот): Го хидрира пределот околу очите, го намалува отокот и темните кругови
7.530,00 ден
Прочитај повеќеMax Factor 2000 Calorie 2000 Calorie маскара за очи
Постигни изглед на мазни и разделени трепки и завршеток кој не се размачкува со 2000 Calorie Mascara. Совршена маскара за чувствително очи, формулата без парфеми е идеална за лица кои носат контактни леќи и чувствителни типови. Нанеси ја за 300% поголем волумен во споредба со трепки на кои не е нанесено ништо.
Не е ни чудо што е омилена маскара на makeup артистите…
За брендот:
За време на златната Холивудска доба само едно име се поврзувало со гламурот, филмското платно и изгледот на ѕвездите – Г-дин Макс Фактор. Тој бил визионер во шминкањето и творец на периките, но исто така и творец на најпознатите изгледи на Холивудските икони Ава Гарднер, Џин Харлоу и Марлен Дитрих. Тој веруваше дека гламурот го поседуваат сите.
Рок на употреба (од отварање): 12 месеци
Original price was: 650,00 ден.423,00 денCurrent price is: 423,00 ден.
Додај во кошница














































