Филтер

Прикажувам 409–432 од 2506 резултати

Eisenberg Cleansing Make-Up Removing Gel - гел за отстранување на шминка

За производот:

Чистењето е првиот суштински чекор за оптимизирање на ефикасноста на вашата рутина за нега на кожа. Овој проѕирен гел нежно ја отстранува шминката и нечистотиите, додека освежувачките екстракти од грејпфрут и Horehound ја оставаат кожата свежа и тонирана. Погоден е за сите типови на кожа и возрасни групи.

Како се користи:

Наутро и навечер, нанесете од гелот на вашите дланки и со нежни кружни движења нанесете на лицето и вратот. Исплакнете со вода.

Третира (тип на проблем): Отстранува секаков вид на шминка, дури и водоотпорна.
Ефект (главни придобивки од производот): Отстранува секаков вид на шминка, дури и водоотпорна, ја негува и хидрира кожата.

3.099,00 ден
Прочитај повеќе

Eisenberg Hydrating Velvet Make-Up Remover - хидратантен отстранувач на шминка

За производот:

Чистењето е првиот суштински чекор за оптимизирање на ефикасноста на вашата рутина за нега на кожа. Овој ултра хидратантен, млечен крем нежно ја отстранува шминката и нечистотиите, додека маслата од кајсија, авокадо и Bisabolol ја оставаат кожата свиленкаста мазна и мека на допир. Погоден е за сите типови на кожа и возрасни групи.

Како се користи:

Наутро и навечер, нанесете хидратантниот млечен крем на вашите дланки и со нежни кружни движења нанесете на лицето и вратот. Исплакнете со вода.

Третира (тип на проблем): Го чисти лицето и ја остава кожата мека и свиленкаста.
Ефект (главни придобивки од производот): Го чисти лицето и ја остава кожата мека и свиленкаста.

4.111,00 ден
Прочитај повеќе

Eisenberg Toning Lotion - лосион за чистење на лице

За производот:

Смирувачки свеж лосион кој го буди вашиот тен наутро и совршено ја надополнува вашата рутина за чистење навечер. Екстрактите од сладок корен, Witch Hazel и вода од роза ја тонизираат и деконгестираат вашата кожа. Може да го користите лосионот и преку шминка, како би ја освежиле кожата, го вратите нејзиниот природен сјај и го избегнете чувството на затегање од пудрите кои ја сушат кожата во текот на денот. Погоден е за сите типови на кожа и возрасни групи.

Како се користи:

Наутро и навечер, или во било кое време во текот на денот, освежува, смирува и тонизира. Нанесете со помош на памучна подлога.

Ефект (главни придобивки од производот): Смирува и освежува

3.099,00 ден
Прочитај повеќе

Eisenberg Instant Smoothing Exfoliator - гел пилинг за лице

За производот:

Овој гел содржи микронизирани честички од вулканска карпа со инкапсулиран витамин Е кои нежно ја ексфолираат кожата и ја прават мека, мазна и совршено чиста. Гел пилинг кој ги елиминира нечистотиите, ја стимулира микроциркулацијата и клеточното обновување. Погоден е за сите типови на кожа и возрасни групи.

Како се користи:

Нежно масирајте на влажна кожа додека целосно не се стопат црвените гранули исполнети со витамини. Откако ќе се добиете пена, темелно исплакнете го вашето лице со вода. Да се ​​користи еднаш или двапати неделно.

Ефект (главни придобивки од производот): Моментално ја измазнува кожата, ја прави мека и темелно ја чисти

4.111,00 ден
Прочитај повеќе

Eisenberg Firming Remodelling Mask - маска за регенерирање и сјај на кожата

За производот:

Волшебна маска против стареење за моментално, интензивно подигнување, зацврстување и густина.
Инфузија со инкапсулирани витамини А и Е, масло од семе од грозје и екстракти од зелен чај, оваа лесна емулзија промовира цврстина и ги минимизира брчките и дамките. Специјално формулирана за подигнување на контурата на лицето и очите, маска која го враќа сјајот на кожата. Задолжителен производ за уморна кожа без сјај. Погоден е за сите типови на кожа и возрасни групи.

Како се користи:

Нанесете тенок слој на претходно темелно исчистеното лице, на контурата на очите, вратот и/или градите.

• Моментален ефект: нанесете на местото на кое сакате да постигнете ефект и оставете да делува 5 минути.

• Интензивен третман „Супер Зацврстувач“: нанесете секој ден, во период од 8 до 15 последователни дена, на деловите на кои сакате да постигнете ефект, и оставете да делува 5 минути.

• Релаксирачки третман „Спа ден“: нанесете еднаш или двапати неделно и оставете да делува 15 минути.

Исплакнете со млака со вода.

Третира (тип на проблем): Моментално дејство против стареењето , ја зацврстува кожата, ја подобрува нејзината еластичност, ги намалува брчките околу очите на лицето и вратот.

Ефект (главни придобивки од производот): Видливо ревитализира и подигнува за само неколку минути.

5.375,00 ден
Прочитај повеќе

Eisenberg All-Over Moisturising Mask - хидратантна маска за лице

За производот:

Интензивен извор на енергија, овој океанско-зелен гел, збогатен со хијалуронска киселина, ја хидрира кожата додека црвените алги ја балансираат нејзината природна pH вредност, ги елиминираат токсините и го измазнуваат тенот. Кожата е веднаш посјајна и помазна, и ја враќа својата еластичност. Специјално дизајниран за контурата на лицето и очите. Задолжителен производ за дехидрирана кожа. Погоден е за сите типови на кожа и возрасни групи.

Како се користи:

Нанесете тенок слој на претходно темелно исчистеното лице, на контурата на очите, вратот и/или градите.

• Моментален ефект: нанесете на местото на кое сакате да постигнете ефект и оставете да делува 5 минути.

• Интензивен третман „Супер Зацврстувач“: нанесете секој ден, во период од 8 до 15 последователни дена, на деловите на кои сакате да постигнете ефект, и оставете да делува 5 минути.

• Релаксирачки третман „Спа ден“: нанесете еднаш или двапати неделно и оставете да делува 15 минути.

Исплакнете со млака со вода.

Ефект (главни придобивки од производот): Го враќа природниот сјај на кожата, ја хидрира и ја враќа нејзината еластичност

5.375,00 ден
Прочитај повеќе

Eisenberg Moisturising Smoothing Serum - хидратантен серум против стареење на кожата

За производот:

Овој крем-серум ги оптимизира придобивките од вашата рутина за нега на кожата. Неговите измазнувачки својства против стареење на кожата се веднаш видливи. Неговата формула претставува комбинација од моќни навлажнувачки состојки – пептиди, против брчките, како и витамини А, Е и Ф кои ги зајакнуваат одбрамбените механизми на кожата и интензивно се борат со слободните радикали. Специфичен третман за уморна, дехидрирана кожа, за сите возрасни групи.

Како се користи:

Користете го преку целата година или како интензивен третман. Наутро и/или навечер, 3 испумпувања од серумот нанесете на претходно темелно исчистено лице, контурите на очите, вратот и градите. Секогаш по нанесување на серумот, нанесете од вашата дневна крема за лице.

Ефект (главни придобивки од производот): Ја хидрира кожата и делува против видливите знаци на стареење.

6.198,00 ден
Прочитај повеќе

Eisenberg Eye Contour Gel - гел против подуеност околу очите

За производот:

Формула која има за цел тонирање, хидратација и намалување на отокот во пределот околу очите. Гел текстура која лесно се впива во кожата. Формула составена од вода од пченкарен цвет кој е познат по своето смирувачко дејство, витамин Е, хијалуронската киселина и маслата од пченични никулци и бораж, кои се борат против стареењето на пределот околу очите. Одлична основа за шминка. Целен третман за уморни и подуени очи со тешки очни капаци. Пределот околу очите е затегнат, ревитализиран и удобен. Овој производ ги намалува знаците на замор.

Како се користи:

Наутро и/или навечер на претходно темелно исчистено лице, нежно со кружни движења и блага масажа нанесете по едно испумпување на двете очи, вклучувајќи ги и очните капаци.

Ефект (главни придобивки од производот): Го ревитализира пределот околу очите, ја намалува нивната подуеност, ги намалува знаците на замор

5.692,00 ден
Прочитај повеќе

Eisenberg Eye And Lip Contour Cream - 2во1 крема против стареење за очи и усни

За производот:

Ултра нежна крема против брчки, наменета за нежните области околу очите и усните. Формула составена од магичен коктел од ефикасни состојки кои му се спротивставуваат на стареењето, комбинацијата на масло од семе од грозје, црн бозел и хијалуронска киселина се силна одбрана од возраста, длабока хидратација и живост. Маслото од семе од грозје е особено богато со витамини А и Е. Неговата висока содржина на Омега-6 ја потхрануваат и хидрираат кожата, содржи антиоксиданси кои се борат против природното и предвременото стареење. Хијалуронската киселина помага во зачувување на главните карактеристики на младешката кожа: еластичност, еластичност и тонус. Идеална основа за шминка за чувствителната кожа околу очите. Целен третман кој ги брише фините линии од областа на очите и усните.

Како се користи:

Нанесете наутро и/или навечер на претходно темелно исчистено лице. Нежно намачкајте една капка на очните капаци и контурите на очите и усните.

Ефект (главни придобивки од производот): Областите околу очите и усните се измазнуваат, навлажнуваат и се ревитализираат. Ги намалува фините линии и знаците на замор.

5.692,00 ден
Прочитај повеќе

Eisenberg Moisturising Fluid Cream - хидратантен крем флуид за лице

За производот:

Лесна како пердув! Деликатна универзална емулзија, мека на допир и невидлива на кожата. Хијалуронската киселина, маслата од јаглика и макадамија гарантираат хидратација и свежина, а во комбинација со витамините А и Е, овој хидратантен крем флуид се бори против слободните радикали. Одлична основа за шминка, која ја прави кожата мека, мазна и заштитена. Погоден е за сите типови на кожа и возрасни групи.

Како се користи:

Нанесете наутро и/или навечер на претходно темелно исчистено лице и врат. Може да се користи самостојно или врз серум.

Ефект (главни придобивки од производот): За хидратација на кожата

3.921,00 ден
Прочитај повеќе

Eisenberg Moisturising Rich Cream - збогатена хидратантна крема за лице

За производот:

Кожата е мазна и кадифена благодарение на текстурата на овaa кремa. Хијалуронската киселина, маслата од вечерна јаглика и макадамија обезбедуваат долготрајна хидратација, а во комбинација со витамините А и Е, оваа хидратантна крема се бори против слободните радикали. Одлична основа за шминка, која ја прави кожата мека, мазна и заштитена.

Како се користи:

Нанесете наутро и/или навечер на претходно темелно исчистено лице и врат. Може да се користи самостојно или врз серум.

Ефект (главни придобивки од производот): За хидратација на кожата

3.921,00 ден
Прочитај повеќе

Eisenberg Nourishing Ultra-Rich Cream - збогатена хидратантна крема за лице

За производот:

Нежна крема со свиленкаста текстура наменета за многу сува кожа, дури и чувствителна. Нејзината идеална концентрација на шеа путер ја храни и хидрира кожата, ја прави мека и ја поттикнува регенерацијата на клетките, забавувајќи го процесот на стареење на кожата, додека екстрактот од бисабол ја омекнува и смирува. Кожата е полна и измазнета.

Како се користи:

Нанесете наутро и/или навечер на претходно темелно исчистено лице и врат. Може да се користи самостојно или врз серум.

Ефект (главни придобивки од производот): За длабока хидратација на кожата

4.300,00 ден
Прочитај повеќе

Eisenberg Hydra Lifting - хидратантна крема за лице со лифтинг ефект

За производот:

Интензивно хидратантна крема со лифтинг ефект, за зачувување на младоста на кожата. Ултра фин гел крем, специјално дизајниран за дехидрирана кожа која претпочита лесни гел-крем текстури. Овој хидратантен крем со високи перформанси веднаш обезбедува интензивна и долготрајна хидратација. Неговата формула е концентрирана во растителни и биотехолошки активни состојки кои обезбедуваат и задржуваат вода и имаат дополнителни антиоксидирачки и регенерирачки придобивки. Формула составена од екстракт од коренот Imperata Cylindrica, витамин Е, во комбинација со шеа путер и масло од арган кои делуваат анти-иритирачки и смирувачки на кожата, и и обезбедуваат оптимална хидратација на горните слоеви на и до 24 часа.

Како се користи:

Нанесете наутро и/или навечер на претходно темелно исчистено лице и врат. Може да се користи самостојно или врз серум.

Ефект (главни придобивки од производот): Обезбедува интензивна и долготрајна хидратација. Кожата веднаш станува еластична и и дава чувство на удобност.

10.688,00 ден
Прочитај повеќе

Eisenberg Anti-Stress Treatment - анти стрес крема за лице против иритации

За производот:

Формула составена од шеа путер и бисабол која и нуди на вашата кожа совршено релаксирачко чувство и
смирувачки ефект. Крема дизајнирана за кожа која е иритирана, која се бори против состојбите на кожата предизвикани од стрес. Го ребалансира микробиомот на кожата, веднаш ја смирува и го враќа природниот сјај на тенот.

Како се користи:

Навечер на темелно исчистено лице и врат. Може да се користи самостојно или врз серум.

Ефект (главни придобивки од производот): Ја хидрира и ја смирува иритираната, чувствителна кожа

9.107,00 ден
Прочитај повеќе

Eisenberg Anti-Age Treatment - крема за лице против стареење на кожата

За производот:

Крема против стареење! Лесна кремаста текстура која лесно се впива во кожата, збогатена формула со екстракт од борагот кој го одложува стареењето на кожата и појавата на брчки. Спречува дехидрација и губење на еластичноста, витамин А кој помага да се зголеми нивото на колаген во кожата, ги подобрува нејзините природни функции и ја подобрува ензимската активност и растителните керамиди кои ја навлажнуваат и ја реструктуираат кожата, додека црвените алги и витамините Е и Ц се борат против слободните радикали кои можат да го забрзаат природниот процес на стареење на кожата.

Како се користи:

Нанесете наутро и/или навечер на претходно темелно исчистено лице и врат. Може да се користи самостојно или врз серум. За уморна кожа нанесете секојдневно наутро и навечер.

Ефект (главни придобивки од производот): Ја измазнува, зацврстува и подмладува кожата.

10.688,00 ден
Прочитај повеќе

Eisenberg Anti-Age Complex - гел за лице против стареење на кожата

За производот:

Ексклузивна освежувачка формула, навлажнувачки гел со подмладувачки, лифтинг ефект. Доживејте вистинско блаженство со оваа висококвалитетна формула, збогатена со ревитализирачките и зацврстувачките состојки од растителните масла и витаминот Е. Сето тоа во нова иновативна текстура која навлажнува и зацврстува. Совршен за нормална кожа, гел со немасна текстура кој е идеален за употреба и за време на менопаузата.

Како се користи:

Нанесете наутро и/или навечер на претходно темелно исчистено лице и врат. Може да се користи самостојно или врз серум.

Ефект (главни придобивки од производот): Ја измазнува, зацврстува и подмладува кожата.

5.692,00 ден
Прочитај повеќе

Eisenberg Neck, Bustline and Breast Cream - крема за врат, деколте и гради

За производот:

Роден од пионерското истражување на Eisenberg, овој третман против стареење со високи перформанси ја коригира опуштената кожа на вратот, деколтето и градите. Се користи секојдневно, ја враќа и зајакнува цврстината и еластичноста, ги обликува и подига, а исто така се бори против предвременото стареење преку стимулирање на експресијата на младешките протеини.

Неговата лесна, свиленкаста текстура лесно се впива во кожата, ослободувајќи ги корисните активни состојки на Trio-Molecular® формула. Исто така, содржи таргетирани состојки и екстракт од матични клетки од Lotus Japonicus, супер реактиватор кој го помага природниот процес на регенерација.

За хидрирана, измазнета, тонирана кожа која изгледа полна со младешки сјај. Вратот, деколтето и градите се ранливи на стареење на кожата, варијации во тежината, мајчинство и доење. Овие деликатни области бараат специфична грижа, било како превентивен или корективен третман, со цел да се врати цврстата кожа.

Како се користи:

Начин на нанесување:
Нанесете самостојно или по Sérum Affinant Visage, со нежно масирање од брадата кон надворешната страна на лицето, а потоа надолу по вратот до клучните коски.
Гради: Користете нежни движења нагоре. Започнете од помеѓу градите, движејќи се нанадвор и нагоре кон клучните коски.

Интензивна нега: се нанесува наутро и навечер најмалку 56 дена.
Нега за одржување или редовна секојдневна употреба: нанесете навечер на претходно темелно исчистен врат, деколте и по потреба на градите.

Ефект (главни придобивки од производот): Од брадата до градите, вашата кожа е тонирана, измазнета и преобликувана.

10.118,00 ден
Прочитај повеќе

Eisenberg Eye Contour Gel - гел за околу очи за мажи

За производот:

Гел крема против подуеност околу очите. Хидратантен гел, кој делува против стареењето на пределот околу очите. Моќна, високо-технолошка формула која делува на епидермисот, богата со растителни масла и витамини А и Е кои помагаат да се зголеми нивото на колаген на кожата, ги подобрува нејзините природни функции и ја промовира ензимската активност. Особено корисен за нега против стареење, помага во одржување на помлада кожа, подобрување на текстурата, цврстината и хидратацијата.

Како се користи:

Нанесете наутро и/или навечер на претходно темелно исчистено лице. Нанесете мала количина од гелот на врвот на домалиот прст и со нежни кружни движења нанесете во пределот околу очите.

 

Ефект (главни придобивки од производот): Свеж, одморен предел околу очите. Ја измазнува кожата и го намалува отокот.

 

5.375,00 ден
Прочитај повеќе

Eisenberg Essential Moisturising Balm - гел - крема за хидратација за мажи

За производот:

Суштински третман кој и ја обезбедува потребната хидратацијата на кожата. Текстурата на гел-крем дава извонредна свежина и благосостојба. Ја остава кожата еластична, удобна, здрава и хидрирана во текот на целиот ден. Погоден е за сите типови на кожа и возрасни групи. За мажи кои бараат навлажнувачки крем кој може да се користи и како балзам после бричење. За сите типови на кожа и возрасти.

Како се користи:

Нанесете секојдневно на темелно исчистено лице и врат, самостојно или после бричење. За позрела кожа може да се користи во комбинација со Complexe Anti-Аge.

 

Ефект (главни придобивки од производот): Ја остава кожата свежа, хидрирана и и дава чувство на удобност во текот на целиот ден.

 

4.553,00 ден
Прочитај повеќе

Eisenberg Silver Essential Mask - сребрена есенцијална маска за мажи

За производот:

Мултифункционална сребрена гел-крем маска за лице и очи со непосреден ефект против замор и чиста кожа!

Истражувањето на EISENBERG разви формула со коктел од моќни активни состојки за прочистување, хидратација, подигнување и детоксикација на кожата во еден чекор:
– Каолин состојка која нежно ја чисти кожата.
– Хијалуронска киселина со висока молекуларна вредност која и нуди на вашата кожа хидратација, ја прави мазна мазна.
– Среброто – прочистува, регенерира и смирува
– Екстрактот од Моринга има интензивни својства за детоксикација и делува против слободните радикали.
– Биотехнолошкиот тензорски агенс работи на цврстината на кожата и на нејзината површина за потонирана и сјајна кожа

Резултат: кожата е видливо хидрирана, измазнета и затегната. Се намалуваат знаците на замор и брчките. Сосема нова кожа за само неколку минути!

Како се користи:

Нанесете на исчистено лице по контура на очите и вратот.
За моментален „лифтинг ефект“, оставете да делува 5 мин.
За многу уморна кожа, користете секојдневно, по 5 минути во текот на 1 месец.

 

Ефект (главни придобивки од производот): Ја хидрира кожата, го враќа нејзиниот природен сјај, детално ја чисти, поткрева и тонира.

 

6.450,00 ден
Прочитај повеќе

Eisenberg Anti-Age Complex - крема против стареење на кожата за мажи

За производот:

Збогатена формула која делува превентивно и корективно против знаците на стареење, оваа крема е концентрирана со активни состојки која ги намалува брчките, делува против стареење на кожата и нејзина хидратација. Хијалуронска киселина, масло од Кукуи и протеин од свила даваат длабока ревитализација. Ја остава кожата зацврстена и тонирана во текот на целиот ден.

Како се користи:

Нанесете секојдневно на темелно исчистено лице и врат. Може да се користи самостојно како крема или како балзам после бричење.
За позрела кожа, користете го самостојно или наизменично со Baume Essentiel Hydratant.

 

Ефект (главни придобивки од производот): Длабоко ревитализирана, кожата е зацврстена и тонирана во текот на целиот ден.

 

6.450,00 ден
Прочитај повеќе

Eisenberg Whitening Corrector - кремаст серум за избелување на темни дамки

За производот:

Correcteur Lumière, интензивен третман кој ги коригира темните дамки. Неговата исклучителна формула ја комбинира осветлувачката моќ на екстрактот од цветот Bellis Perennis и витамин Ц кој делува против слободните радикали во комбинација со витамн Е кој го одложува процесот на стареење на кожата. Обезбедувајќи моќно корективно дејство, овој крем-серум и помага на кожата да го врати нејзиниот природен сјај.
Третман кој има и заштитен фактор, кој е од суштинско значење за заштита на кожата и оптимизирање на резултатите во текот на денот. Дерматолошки тестиран на сите типови кожа, вклучително и Азиска кожа.

Како се користи:

Наутро и навечер, во мала количина, локално или на целото лице, врат и градите, пред вашиот дневен крем со заштитен фактор. Се препорачува минимум 2 -месечен редовен третман.

 

Ефект (главни придобивки од производот): Темните дамки се видливо намалени. Тенот е порамномерен.

 

9.043,00 ден
Прочитај повеќе

Eisenberg Day Crème spf 50 - хидратантна крема за лице со заштитен фактор SPF 50

За производот:

Хидратантен дневен крем со интензивна SPF50+ PA+++ заштита, неопходен за одбрана од агресијата на УВ зраците. Комбинира ефективни креми за сончање со витамин Е за заштитно и антиоксидантно дејство. Цветниот екстракт од Bellis Perennis и витаминот Ц ја спречуваат појавата на темни дамки. Дерматолошки тестиран на сите типови кожа, вклучително и Азиска кожа. Без мирис, без бои.

Како се користи:

Нанесете го секое утро, по можност после вашиот Pure White серум, нанесете на целото лице, но избегнувајте го пределот околу очите, во пределот на вратот и деколтето.

 

Ефект (главни придобивки од производот): Хидрирана и заштитена кожа

 

7.273,00 ден
Прочитај повеќе

Eisenberg Excellence Gold Ultralift Mask - златна маска за пределот околу очите со лифтинг ефект

За производот:

Златната ултралифт маска која делува против знаците на стареење, има регенерирачко дејство за контурата на очите специјално дизајнирана за подигнување, хидратација и подмладување на пределот околу очите.

Во срцето на иновациите, моќен комплекс во кој златото и ултра- поткревачките пептиди кои го зајакнуваат колагенот работат во синергија, за да обезбедат глобални придобивки против стареење, против брчки, подигнување и обновување видливи уште од првата апликација. Богата со висока молекуларна хијалуронска киселина, оваа скапоцена формула на гел-крем интензивно ја навлажнува и ја вреќа свежината на контурата на очите.

Резултат: фините линии се измазнуваат, а длабоките брчки се намалуваат. Контурата на очите изгледа видливо помлада и блескава.

Како се користи:

Со помош на четката која е во самото пакување или директно со прстите, нанесете ја на претходно темелно исчистената контура на очите. Оставете ја да делува од 5 до 15 минути, а потоа отстранете ја со влажна памучна подлога.

 

Ефект (главни придобивки од производот): Хидрира, го подигнува и затега пределот околу очите

 

8.480,00 ден
Прочитај повеќе