Филтер

Прикажувам 1921–1944 од 2498 резултати

, , , , , ,

Atkinsons 44 Gerrard Street колонска вода за мажи и жени

За производот:

Зрачејќи со виталност и енергија, Atkinsons 44 Gerrard Street е омаж за првата Atkinsons продавница, основана во 1799 година во лондонскиот кварт Сохо. Преполн со енергија и софистицираност, тој го доловува ексцентричниот, хедонистички дух на грузискиот Лондон, од освежувачките ноти на ледениот еукалиптус, зачинетиот ѓумбир и свежиот зелен лимон, до помеката флорална срцевина од јасмин, орхидеја и роза. Килибарните ноти навестуваат дрвенеста, малку мошусна база, за колонска вода која содржи софистициран, енергечен удар.

8.855,00 ден
Избери опцииThis product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
, ,

Atkinsons Oud Save The Queen Eau de parfum for women

За производот:

Што добиваш кога ќе вкрстиш англиска рафинираност со привлечниот, мистериозен шарм на ориенталноста? Вртоглаво привлечен, некои би рекле опасен, мирис кој зборува за моќта на забранетата страст, омаж на трагичната љубовна приказна од 1920 година помеѓу принцот од Египет Mohammed Ali Ibrahim и американската актерка Mabel Normand. Посебниот бергамот мирис на Earl Grey, помешан со зачинето каранфилче и сладок цвет од портокал, а потоа оваа измамничка невиност им отстапува место на мошусната, дрвенеста и зачудувачка моќ на гвајакум дрво и Oud акорди, со нивното потенцијално, фасцинантно ехо од Истокот. Името на Atkinsons Oud Save The Queen можеби звучи неверојатно точно и исправно, но тоа е сѐ освен…

14.860,00 ден
Избери опцииThis product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
, ,

Atkinsons Oud Save The King Eau de parfum for men

За производот:

Инспириран од забранетата љубовна приказна помеѓу принцот на Египет Mohammed Ali Ibrahim и американската филмска ѕвезда – Mabel Normand, Atkinsons Oud Save The King е величенствено сензуален и луксузен мирис. Славејќи ја неговата наклонетост кон сѐ што е британско и љубовта за Mabel, мирисот ја спојува посебната арома на нејзиниот омилен чај Earl Grey, со богатите ноти на антилоп кожа. Но, на крајот на денот, тој е египетски принц и не може да се побегне од неговите егозтични корени, па оттука и сензуалната и привлечна доза на сандалово дрво и мошусниот Oud што го прават софистициран, величествен мирис, погоден за еден крал. Па дури и за принц.

14.860,00 ден
Избери опцииThis product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
, ,

Rimmel Lasting Mega Matte Lipstick течен кармин за усни

За производот:Бидете посебни со Rimmel! Без разлика дали ќе го нанесете карминот врз омилениот производ за усни или ќе го користите самостојно, тој може да го надополни секој изглед. И покрај сјајниот финиш, карминот има многу лесна текстура, која се нанесува во рамномерен слој. Овој кармин нема да ги нагласи нерамномерностите на вашите усни, туку напротив ќе ги измазни.За брендот:Брендот Rimmel е создаден во 1834 година во Лондон-Англија. Неговиот основач Eugene Rimmel заедно со неговиот татко го напушта своето родно место и пребегува во Лондон. Ја создаваат првата не токсична маскара за очи која почнува да се продава ширум земјата со експресна брзина. Неговата постојана потреба да се поместуваат границите го направи брендот да биде светски познат. Брендот создава нови изгледи и ја претвара убавината во уметност. Познатиот слоган ‘’Live the London look’’ се користи и ден денес.

Original price was: 798,00 ден.Current price is: 487,00 ден.
Избери опцииThis product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
, ,

Biolage Strenght Recovery регенеративен балсам за коса 200мл

Biolage Strenght Recovery регенеративниот балсам за коса инстантно се грижи за оштетената коса. Балсамот има веганска формула која е создадена од 97% состојќи од природно потекло за интензивна нега и намалување на кршливоста на влакното. Се препорачува за постигнување видливо подобрена текстура на косата. Производот е вегански, не е тестиран врз животни. без сулфати и од 99% биоразградливи состојки. 

Original price was: 1.250,00 ден.Current price is: 625,00 ден.
Додај во кошница
, ,

Kérastase Soleil Huile Sirène двофазно масло во спреј за коса изложена на сонце 45мл

Овој неодолив лесен третман кој не се одмива, ги дефинира и разубавува природните beach бранови на косата. Формулата збогатена со бабасу масло, инстантно ја омекнува косата, давајќи ѝ текстура. Сензуалниот мирис на јасмин во комбинација со ноти на тубероза, создава зависност за летно време. Косата е блескава и прекрасно сјајна, дури и во најактивните денови од летото.Начин на употреба:Протресете добро за добро да се помешаат двете компоненти од формулата. Прснете на косата и оставете ја.Третира (тип на проблем):Штетни влијанија по изложување на косата на сонцеЕфект (главни придобивки од производот):Обезбедува заштита од сонце за косата; обезбедува оптимална нахранетост за здрава коса;Рок на употреба (од отварање): 12 месеци

650,00 ден
Прочитај повеќе
, ,

Kérastase Bain Divalent шампон за масен скалп 80мл

Опис:Овој шампон за балансирање на скалпот го третира масниот корен преку регулирање на зголемената репродукција на себум. Истовремено го третира и влакното по должината до врвот со цел да се постигне мекост и сјај. Косата околу коренот се масти поспоро додека по должината е негувана и заштитена од разделување на врвовите. ТРЕТИРА: Масен корен, чувствително влакно. ТИП НА КОСА: Масен корен, чувствително влакноНачин на употребаКАКО СЕ КОРИСТИ: Се нанесува на мокра коса и се масира за да се активира микроциркулација.Рок на употреба (од отварање): 24 месеци

550,00 ден
Прочитај повеќе
, ,

Kérastase Genesis Reconstituant маска за коса сколна кон кршење на влакното 75мл

Опис:Маска за интензивна заштита од опаѓање наменета за слаба коса. Нејзината богата формула го негува, потхранува и хидрира влакното со што се намалува ризикот од опаѓање и кинење на косата. Збогатена со комбинација од еделвејс природни клетки и корен од ѓумбир, оваа неверојатна маска е надополнување за косата во борбата за закрепнување на оштетените зони на влакното. Оваа моќна комбинација на честички кои ја подобруваат состојбата на косата ја прават лесна за чешлање, мека и негувана. Косата е цврста, мека и сјајна.Начин на употребаНанеси врз мокра коса просушена со пешкир. Масирај по должината кон краевите и остави да делува 5 минути. Исплакни убаво.Рок на употреба (од отварање): 24 месеци

1.050,00 ден
Прочитај повеќе
, ,

Kérastase Genesis Defense Termique спреј со термо заштита за коса сколна кон кршење на влакното 45мл

Опис:Кремаста формула наменета за слаба коса која има проблем со опаѓање и е склона кон кинење. Овој производ овозможува заштита на влакното од кинење давајќи му оптимална хидратација без притоа да создаде влага или тежина на косата. Формулата е збогатена со комбинација од еделвејс природни клетки и корен од ѓумбир кои ја хидрираат косата и нудат термо-заштита до 220°C со што се намалува ризикот од опаѓање и кинење на влакното. Косата е сјајна, мека и свиленкаста на допир.Начин на употребаНанеси 2 до 4 испумпувања врз коса просушена со пешкир, во зависност од должината и волуменот. Разнеси надолу а потоа чешлај за рамномерно да се разнесе формулата врз косата. Продолжи кон сушење и обликување. Производот може да се нанесе и врз сува коса по сушење и обликување како краен чекор за контролирање на обликот од влага и зголемување на сјајот.Рок на употреба (од отварање): 24 месеци

650,00 ден
Прочитај повеќе
, ,

Kérastase Chroma Absolu Serum Chroma Termique спеј со термо заштита за боена коса 45мл

Опис:Kérastase Chroma Absolu Serum Chroma Thermique се бори со фриз ефектот на косата истовремено заштитувајќи ја од топлина. Оваа формула која не се одмива е богата со антиоксиданти. Спрејот е наменет за користење пред стилизирање на косата со цел да ја заштити од топлината. Формулата е збогатена со млечна киселина и Centella Asiatica кои истовремено штитат и од УВ зраци, фриз ефект и чести боења на влакното. Овој термо спреј истовремено ја измазнува површината на влакното правејќи го сјајно и здраво.Начин на употребаНанеси 2 до 4 испумпувања врз коса просушена со пешкир, во зависност од должината и волуменот. Разнеси надолу а потоа чешлај за рамномерно да се разнесе формулата врз косата. Продолжи кон сушење и обликување. Производот може да се нанесе и врз сува коса по сушење и обликување како краен чекор за контролирање на обликот од влага и зголемување на сјајот.Рок на употреба (од отварање): 24 месеци

650,00 ден
Прочитај повеќе
, ,

Kérastase Chroma Filler маска за боена коса 75мл

Опис:Kérastase Chroma Absolu е богата маска за оштетена боена коса. Оваа негувачка маска од Chroma Absolu линијата за коса е идеална за нормална до густа боена коса нудејќи и обнова заштита. Маската има исклучително богата формула збогатена со амино киселина и активна состојка Centella Asiatica, која овозможува длабока хидратација и нега. Маската ќе ја заштити бојата од избледување правејќи ја мазна и здрава.Начин на употребаКако се користи Kérastase Chroma Absolu маската за коса: нанеси ја по должината и врвовите после шампонирање. Нежно масирај и остави да делува 3-5 минути. Убаво одмиј.Рок на употреба (од отварање): 24 месеци

980,00 ден
Прочитај повеќе
, ,

Kérastase Chroma Absolu Bain Riche Chroma Respect шампон за боена коса 80мл

Опис:Kérastase Chroma Absolu Bain Riche Chroma Respect шампонот инстантно ја прочистува и обновува површината на боената коса. Не содржи сулфати. Оваа негувачка и заштитна формула е специјално создадена за потребите на нормална до тенка бојадисувана коса. Шампонот веднаш ги отстранува наталожените нечистотии и вишокот на себум истовремено обновувајќи ја површината на секое влакно. Како делува Kérastase Chroma Absolu Bain Riche Chroma Respect шампонот.Kérastase Chroma Absolu Bain Riche Chroma Respect е збогатен со млечна киселина и активна состојка Centella Asiatica, која е позната по нејзиниот хидратантен ефект. Формулата интензивно ја негува тенката и боена коса правејќи ја мазна и сјајна. Порозната коса сега е максимално заштитена.Начин на употребаНанеси мала количина врз мокра коса, нежно масирај и одмиј. Повтори го шампонирањето и продолжи го третманот со останатите производи од Chroma Absolu линијата за здрава и убава боена коса.Рок на употреба (од отварање): 24 месеци

500,00 ден
Прочитај повеќе
, ,

Kérastase Blond Absolu Cicaflash балсам за руса коса 75мл

Опис:Овој млечен гел во нежна боја на лаванда има обновувачко својство на маска со нежен финиш на балсам за коса. Формулата интензивно ја снабдува косата и го негува влакното благодарение на составот кој е комбинација на Хијалуронска киселина и Еделвајс пудра во прав кои инстантно го измазнуваат, зацврстуваат и омекнуваат секое влакно истовремено длабински потхранувајќи го. Производот е идеален за сите тонови на руса коса и овозможува заштита од кинење на влакното и негова ерозија. Косата е мека и хидрирана со блескав сјај.Начин на употребаКако се користи: во големина на лешник нанеси врз мокра коса просушена со пешкир. Масирај по должината кон врвовите на косата избегнувајќи го коренот . Остави да делува 2-3 минути и убаво исплакни.Рок на употреба (од отварање): 24 месеци

1.100,00 ден
Прочитај повеќе
, ,

Kérastase Blond Absolu Cicaextreme зацврстувачко масло за руса коса 50мл

Опис:Гел текстура која длабински ја зацврстува структурата на влакното, особено кај русата коса која била подложена под третман со бланширање. Интензивно ја хидрира и зацврстува косата. Хијалуронската киселина и еделвејс масло го заштитуваат влакното од кршење и разделување на врвовите. Препорачлива за употреба особено кај премногу оштетена руса коса, маската Cicaextreme ја намалува корозијата на влакното која се јавува после третманите со бланширање и ја заздравува структурата на косата. Косата е обновена, поцврста, посјајна и мека од корен до врв.Начин на употребаМаската е совршена комбинација со шампонот Cicaextreme. Нанеси врз мокра коса. Остави да делува 5 минути. Одмиј .Рок на употреба (од отварање): 24 месеци

1.050,00 ден
Прочитај повеќе
, ,

Kérastase Blond Absolu Bain Lumière шампон за руса коса 80мл

Опис:Хидратантен осветлувачки шампон наменет за бојадисувана руса коса кој нежно го прочистува влакното правејќи го светло и блескаво. Хијалуронската киселина која е дел од формулата е идеална за осветлување и истакнување на посакуваната боја. Состојките го прочистуваат и освежуваат секое влакно од корен до врв внесувајќи му осветлувачки руси тонови. Истовремено косата е детоксифицирана од надворешните загадувачки честички кои постојано се слепуваат на неа, а истовремено се отстранува и безживотниот сјај на косата.  Шампонот е збогатен со хијалуронска киселина и еделвајс пудра во прав, формулата е со висока концентрација на антиоксиданти кои заштитуваат од оштетување и го штитат влакното. Хијалуронската киселина длабоко ја хидрира русата коса, го измазнува влакното а косата е подготвена за третман, блеска со природен сјај и е негувана по целата должина.Начин на употребаКако се користи: Намокри ја косата и процеди ја пред нанесување на шампонот врз 5те клучни зони. Користејќи ги прстите нежно масирај фокусирајќи се на скалпот. Исплакни. Нанеси од шампонот по втор пат и повтори ја постапката. Овој пат пената ќе биде побогата и ќе овозможи дејствување на формулата по целата должина на косата. Исплакни го шампонот убаво.Рок на употреба (од отварање): 24 месеци

550,00 ден
Прочитај повеќе
, ,

Yves Saint Laurent Couture Mini Clutch палета со 4 сенки за очи

Couture Mini Clutch палетата сенки со нијанса 02 Gueliz Dream содржи четири високо пигментирани сенки со nude и неутрално кафени нијанси. За совршено нагласени очи во текот на целиот ден.Начин на употреба:Cuture Mini Clutch е новиот моден предмет направен по желба на Yves Saint Laurent Beauté кој остава силен впечаток уште пред да го отворите. Couture Mini Clutch е привлечна од самиот почеток. Самото пакување ја претставува луксузната црна класична Yves Saint Laurent ташна, додека веднаш препознатливата YSL Cassandre гордо стои на врвот во златна боја. Елегантен, но со остар, кул и смел изглед, Couture Mini Cluth е местото каде улицата се среќава со модата. Секоја палета е составена со сенки од интензивни пигменти, за совршено нагласени очи во текот на целиот ден. Формула збогатена со скапоцени масла за бестежинска удобност: масло од семе од кафе, масло од сладок бадем и кактус како и масло од смокви растени во YSL Beauté Ourika градината во недопрениот пејзаж на планините Атлас во Мароко.Рок на употреба по отварање: 24 месеци 

Price range: 5.200,00 ден through 5.340,00 ден
Избери опцииThis product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
, ,

Thierry Mugler Alien Goddess Eau de parfum Supra Florale

Една година по инспиративното лансирање на Alien Goddess, MUGLER ја прославува годишнината со лансирањето на Alien Goddess Intense Eau de Parfum.
Необичното зачекорува во нова димензија. “Напоен“ со вжарено светлина, внатрешната сила на Alien Goddess е неограничена.
Мирисниот потпис и новото шише со боја на килибар, го втурнуваат Alien Goddess Intense Eau de Parfum во универзален повик до сите жени да го прифатат необичното!
Новиот мирис за жени ги засилува привлечните ноти на калабриски бергамот, јасмин Grandiflorum и ванила бурбон – препознатливите ноти на култниот оригинален мирис, со цел да донесе сензуалност и смелост.
Фацетиран талисман, препзнатливото Alien шише е магичен предмет со кој Alien Goddess го разубавува светот, скапоцен камен кој ја открива вибрантната боја на килибар на Alien Goddess Eau de Parfum Intense. Светлината ја пробива стаклената површина со интензивна рефлекција, и украсена со златен ombré ефект за да ја рефлектира нејзината светлина, како ветувањето за изгрејсонце, за оптимистичка иднина, сензуалното и живописно шише евоцира блескава женственост.

Рок на употреба (од отварање): 24 месеци

Mugler оригинално тренирал за танчар и работел професионално од негова 14 годишна возраст. По студирањето дизајн на ентериер, тој се преселил во Париз на 24 години и започнал да работи како уредувач на излози и freelance дизајнер. Неговата прва лична колекција за жени се случила во 1973. Mugler го отвора неговиот прв бутик во Париз, а истовремено претставува колекција машка облека во 1978. Неговиот стил е препознатлив по неговите футуристички облици и елементи.

Првиот мирис на Mugler, Angel, е претставен во 1992 и станува многу познат низ светот по неговите смели, слатки јадливи ноти. Високо влијателен во парфемската индустрија во 90-тите, а со влијание кое продолжува и во 21-виот век, Angel го продолжува својот best-seller статус кај жените, но и кај мажите и беше претставен во Fifi Awards Hall of Fame во 2007.

Price range: 4.270,00 ден through 7.360,00 ден
Избери опцииThis product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
, ,

Viktor & Rolf Flowerbomb Ruby Orchid Eau de parfum

Flowerbomb Ruby Orchid е женски парфем инспириран од театралната традиција на бурлеската, каде животот е сцена. Биди ѕвездата на шоуто, изрази се себеси и прифати ја својата сензуалност. Кога ќе го прснеш овој парфем, ти испушташ магнетичен и флорален мирис кој те придружува во секој чекор.

Срцевината на овој луксузен парфем содржи две ноти: рубин орхидеја и ноти на зрна црвена ванила, давајќи му на мирисот недвосмислена сензуалност, појачана од свежиот мирис на праска, флорален и ванила мирис.

Препознатливото шише е обоено во рубин розева нијанса, дијамантска граната која испушта волшебна флорална фантазија, карнален мирис соодветен за секоја фатална жена.

Price range: 5.480,00 ден through 11.170,00 ден
Избери опцииThis product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
, ,

Diesel Loverdose Red Kiss Eau de parfum for women

Мирис примамлив како усни подготвени за бакнување. Препушти се на овој волшебен мирис исполнет со копнеж и сензуалност, нескротлива страст, волшебен еликсир на љубовта скриен во шише во облик на срце.

Loverdose Red Kiss е ориентална парфимирана вода за жени, која е погодна за постудените месеци од годината. Diesel Loverdose Red Kiss во горните ноти содржи свежи овошни ноти на црна рибизла и јаболко заедно со цитрусна нота на бергамот. Срцевината на мирисот е проткаена со сензуален мирис на цвет од портокал, како контраст од солената нота на лешник и нежни овошни ноти на кајсија. Во основата ќе го почувствуваш опојниот мирис на пачули кој се испреплетува со ориентални ноти на килибар, во комбинација со топли ноти на ванила и какао.

Rosso го основал Diesel со намера да создаде модна куќа која ќе биде лидер и ќе издлаби своја ниша во индустријата. Diesel е познат по неговиот иновативен маркетиншки пристап. Се верува дека компанијата ќе биде прва која ќе пласира облека преку видео игри. Производите на Diesel се исто така продавани и преку социјалната Playstation.

Првиот мирис на Diesel, унисекс мирис познат едноставно како Diesel, бил лансиран во 1996 година, во партнерство со Marbert. Diesel лансира неколку познати мириси со Marbert пред да склучи договор со L’Oreal групацијата во 2006 година. Diesel мирисите се наменети за млади, кои како и нивната облека, се забележливи по необичните пакувања кои обично наликуваат на необични предмети, како што е тупаница (Only the Brave) и индустриско шише (the Green series).

Рок на траење по отварање на производот: 24 месеци

 

Price range: 3.730,00 ден through 4.330,00 ден
Избери опцииThis product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
, , , , , ,

Diesel D by Diesel Eau de toilette for women and men

Diesel започнува нова ера со заносниот мирис D by Diesel.  Логото Diesel For Successful Living е деформирано како да е скршено и згмечено во твојата тупаница, симболизирајќи го белегот кој го оставаат твоите постапки. D е gender-fluid мирис, кој комбинира ванила и лаванда добиени на општествено одговорен начин.

D се прилагодува и еволвира со твојата кожа.

Веднаш по прснувањето, ја чувствуваш енергијата на зачинетиот ѓумбир и бергамот. По неколку минути, мирисот деликатно се адаптира на твојата кожа преку свежината на нотите на тексасен памук и ароматичната лаванда од Прованса. По неколку часа, мирисот добива понсензуална, потопла страна, благодарение на дозата ванила од Мадагаскар.

D by Diesel сака да остави позитивно влијание. Надворешното пакување не содржи пластика и е направено со користење на рециклирани материјали, како и стакленото шише кое е дизајнирано за чување. Кога “си при крај“ со мирисот, можеш да побараш и D by Diesel Refill.

Rosso го основал Diesel со намера да создаде модна куќа која ќе биде лидер и ќе издлаби своја ниша во индустријата. Diesel е познат по неговиот иновативен маркетиншки пристап. Се верува дека компанијата ќе биде прва која ќе пласира облека преку видео игри. Производите на Diesel се исто така продавани и преку социјалната Playstation.

Првиот мирис на Diesel, унисекс мирис познат едноставно како Diesel, бил лансиран во 1996 година, во партнерство со Marbert. Diesel лансира неколку познати мириси со Marbert пред да склучи договор со L’Oreal групацијата во 2006 година. Diesel мирисите се наменети за млади, кои како и нивната облека, се забележливи по необичните пакувања кои обично наликуваат на необични предмети, како што е тупаница (Only the Brave) и индустриско шише (the Green series).

Рок на траење по отварање на производот: 24 месеци

 

Price range: 4.400,00 ден through 6.090,00 ден
Избери опцииThis product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
, ,

Ralph Lauren Ralph's Club Parfum

Дојди во Ralph’s Club, каде се сретнуваат иконите на стилот и културата. Ти претставуваме ново ниво на интензитет, Ralph’s Club Parfum, високо концентрирана интерпретација на Ralph’s Club за вистинските дисиденти на стилот. Свежа лаванда и зачинета доза кардамом, помешана со топлите, дрвенести тонови на пачули и ветивер. Состојките од природно потекло луксузно изработени за нивен најдобар квалитет, оставаат трага која те носи во ноќта. Автентичниот мажествен мирис евоцира богато и сензуално мирисно искуство. Откриј ја моќта на Ralph’s Club Parfum, најдобрата ноќ во твојот живот, преточена во мирис.

Ralph Lauren Polo се здружува со L’oreal групацијата за да претстави и своја линија мириси, започнувајќи со култниот мирис за мажи Polo и класичниот женски мирис Lauren во 1978. Наредните два мириси во линијата, Chaps for Men и Tuxedo for Women, двата лансирани во 1979 година, исто така стануваат омилени класици.

Price range: 7.110,00 ден through 8.870,00 ден
Избери опцииThis product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
, ,

Azzaro The Most Wanted Eau de parfum Intense

Сагата на Azzaro Wanted продолжува со ново поглавје кое започнува со откривање на високо посакувана мирисна интерпретација. Овој парфем те предизвикува да уживаш во секој момент. Ултимативното оружје за заведување, кое ја прикажува неодоливата харизма на мажот кој е посакуван од сите. Поразигран од било кога, THE MOST WANTED мажот никогаш не престанува да игра, всушност токму спротивното…

Овој интензивен Eau de Parfum за мажи е изграден околу привлечни ноти кои откриваат магнетичен и софистициран мирис. Комбинацијата од кардамом, ноти на фондан од карамела и килибарно дрво, му обезбедуваат на парфемот неодолив и сензуален мирисен потпис. Конечно, препознатливото шише во форма на буренце, открива длабока мат црна боја за наметлива мажественост.

Price range: 5.960,00 ден through 7.650,00 ден
Избери опцииThis product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
, ,

Azzaro Chrome Parfum

Azzaro Chrome претставува интерпретација на култниот мирис, славење на наследството помѓеу татко и син, со освежувачка и интензивна свежина. Со неговите дрвенести ноти, овој уникатен парфем се нурнува длабоко во сржта на медитеранска борова шума. Ултимативно славење на joie de vivre, овој парфем те кани да споделиш интензивни и уникатни моменти.

Price range: 5.210,00 ден through 6.700,00 ден
Избери опцииThis product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
, ,

Azzaro Wanted Eau de parfum for men

Azzaro Wanted сагата продолжува со Wanted Eau de Parfum, лансиран во 2023 година. Се работи за дрвенеста ароматично-зачинета композиција која е контраст на топли и свежи сензации.Мирисот те нурнува во возбудата на играта и нејзиниот извонреден универзум. WANTED EDP е мирис на адреналин, мирисот на храбри мажи кои имаат храброст да ризикуваат и да играат за да ја постигнат својата цел. Сензуален, исклучително зависен мирис кој веднаш те води во светот на силни сензации. Wanted EDP се враќа во своето симболично шише и нуди нова верзија во сребрен метал со доза златна боја за многу елегантен мирис.Овој зачинето-дрвенест мирис е вистински микс од топли и ладни сензации. Привлечен концентрат од ароматични состојки, компонирани од бобинки смрека, срцевина од свежа жалфија интензивирана од топол и силен ветивер.

Price range: 4.270,00 ден through 5.590,00 ден
Избери опцииThis product has multiple variants. The options may be chosen on the product page