Atkinsons Oud Save The King Eau de parfum for men

14.860,00 ден

SKU: 1608

За производот:

Инспириран од забранетата љубовна приказна помеѓу принцот на Египет Mohammed Ali Ibrahim и американската филмска ѕвезда – Mabel Normand, Atkinsons Oud Save The King е величенствено сензуален и луксузен мирис. Славејќи ја неговата наклонетост кон сѐ што е британско и љубовта за Mabel, мирисот ја спојува посебната арома на нејзиниот омилен чај Earl Grey, со богатите ноти на антилоп кожа. Но, на крајот на денот, тој е египетски принц и не може да се побегне од неговите егозтични корени, па оттука и сензуалната и привлечна доза на сандалово дрво и мошусниот Oud што го прават софистициран, величествен мирис, погоден за еден крал. Па дури и за принц.

Atkinsons

Со парфеми за вистинските остроумници, брендот Atkinsons е основан во Лондон во 1799 година од страна на James Atkinson. Откако бил прогласен за официјален парфимер на Кралскиот двор на Англија во 1826 година од Кралот George IV, богатата историја на парфемската куќа ја дочекувала најаристократската и најексклузивната клиентела ширум светот. Потпирајќи се на 200 години британски стил и ексцентричност, Atkinsons нуди комплетна колекција парфеми, како и мириси за во бања и домот, внимателно модернизирана, но сепак одлучно верна на силната традиција на англиската парфимерија. Повторно осмислувајќи го наследството на парфемот, неконвенционалната Atkinsons колекција за мажи и жени се полни со длабоко британски карактер.