Prada Luna Rossa Black Eau de parfum

Price range: 6.390,00 ден through 9.190,00 ден

SKU: 1381

Prada Black, првата парфемска вода во Prada Luna Rossa фамилијата, е добиена од приказната за урбаното откривање, од чувството на возбудливост кога откриваш нешто ново во скојдневното опкружување. Инспирацијата за мирисот може да се опише како моментот помеѓу работа и забава. Моментот кога си задоволен и кога зафатената работна недела е официјално готова и кога градот полека оживува. Како живописен центар полн со можности и опасности, слатки детали “бдеат“ над дрвенестиот килибар за хипнотизирачки, речиси дезориентирачки ефект. Енергичното отварање го носат нотите на бергамот и анџелика, додека во срцевината на мирисот се појавуваат ноти на пачули и кумарин, кои водат до самата основа на мирисот. Оној кој го носи Prada Black е опишан како привлечен, трагач по софистицираност во секоја ситуација, без разлика колку и да е matter how casual the intentions.

Рок на употреба (од отварање): 24 месеци

Prada

Prada мирисите: поезија на парадокс.
Баш како на секоја Prada модна ревија, убавината лежи во контрадикторноста помеѓу емоцијата и рефлекцијата, познатото и непознатото, хармонијата и раздорот…
Бренд кој ги доловува вредностите на софистицираност и авангарден пристап со доза ексцентричност.
Prada ги усогласува креативноста, одговорноста и функционалноста, како би им овозможила на мажите и жените да ја истражуваат и изразуваат својата уникатност.