Prada Paradigme Eau de parfum 50ml + travel size 10ml

7.610,00 ден

Достапност: На залиха SKU: 3614274793413

Prada Beauty Sets: captivating scents and elegant essentials to embrace the fresh bloom of spring with sophistication.

Рок на траење (од отворање на производот): 12 месеци

Опис

Што ако постои друг начин?

Нова перспектива. Нов начин на размислување, дејствување, постоење. PRADA PARADIGME е повеќе од мирис, тој е провокација. Покана да го предизвикаш очекуваното и да ги истражиш непознатите територии на сопствениот потенцијал. Дизајниран за мажот кој се осмелува да преиспитува, да иновира и да редефинира, PARADIGME го доловува немирниот дух на младите.

Самиот мирис е пат до откритија. Живиот бергамот ги буди сетилата, водејќи до срцевина од ароматичен гераниум кој го отсликува смелиот, неконвенционален дух на мирисот. Основата од топли килибарни дрва додава приземјена длабочина, потсетник за силата која се наоѓа во прифаќањето на нови перспективи.

Но, PARADIGME е повеќе од само мирис, тој е изјава за свесно создавање. Шишето кое може повторно да се полни, е доказ за постојаната посветеност на Prada Beauty кон одржливоста, одраз на генерација која ја разбира моќта на свесните избори.

Препознатливото Prada капаче и сребрениот печат на него, се симболи на траен квалитет и безвременски стил, додека впечатливата градација на шишето од зелена кон длабока црна, ја доловува динамиката и постојано еволуирачката природа на оние кои се осмелуваат да прашаат: „Што ако постои друг начин?“

Искуси го PRADA PARADIGME. Иднината е на тебе да ја дефинираш.

НАЧИН НА КОРИСТЕЊЕ:
Нанеси на пулсни точки: зглобови, внатрешност на лактите и вратот.

МЕРКИ НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ:
Предупредување: Запалив гас.
Предупредување: Предизвикува сериозна иритација на очите.
Чувај го подалеку од топлина, жешки површини, искри, отворен пламен и други запаливи извори. Пушењето е забрането.

Prada

Prada мирисите: поезија на парадокс.
Баш како на секоја Prada модна ревија, убавината лежи во контрадикторноста помеѓу емоцијата и рефлекцијата, познатото и непознатото, хармонијата и раздорот…
Бренд кој ги доловува вредностите на софистицираност и авангарден пристап со доза ексцентричност.
Prada ги усогласува креативноста, одговорноста и функционалноста, како би им овозможила на мажите и жените да ја истражуваат и изразуваат својата уникатност.