Prada Paradoxe Intense Eau de parfum 50ml + travel size 10ml

9.700,00 ден

Достапност: На залиха SKU: 3614274642018
Оваа празнична сезона, уживај со PRADA Paradoxe празничниот сет.

Рок на употреба (од отворање): 24 месеци

Опис

Мирисна фамилија: Цветно-килибарна
Клучни ноти: Неролија, килибарен, мошус
За мирисот:
Prada Paradoxe Eau de Parfum од Prada е женствен цветен мирис кој е покана да ги истражиш и изразиш парадоксалните мулти димензии на жените, славење на тоа никогаш да не си иста, но секогаш своја. Prada Paradoxe ја реосмислува свежината, сензуалноста и интензивноста. Резултатот е мирисен потпис на жена која е истовремено моќна, но и нежна.
Опис на мирисот:
Prada Paradoxe Intense Eau de Parfum е цветно-килибарен мирис со дрвенест интензитет кој ги трансформира деликатните ноти во незаборавни. Мирисот се отвора со ноти на нежен јасмин и прекрасната топлина на килибарната нота. Мирисот е интензивиран од суптилна, но инстантно препознатлива нота на мов. Сензуалниот AmbrofixTM го заокружува интензивниот мирис за моќна енигматична и прекрасна експресија на женственоста.
Начин на користење:
Нанеси го парфемот на пулсни точки како што се зглобовите, вратот и позади ушите. Избегнувај триење на зглобовите еден од друг, бидејќи ова може да го промени мирисот. Прскај го мирисот на оддалеченост од околу 15-20цм.

Prada

Prada мирисите: поезија на парадокс.
Баш како на секоја Prada модна ревија, убавината лежи во контрадикторноста помеѓу емоцијата и рефлекцијата, познатото и непознатото, хармонијата и раздорот…
Бренд кој ги доловува вредностите на софистицираност и авангарден пристап со доза ексцентричност.
Prada ги усогласува креативноста, одговорноста и функционалноста, како би им овозможила на мажите и жените да ја истражуваат и изразуваат својата уникатност.