PUPA Fix & Lift Eyebrow Styler проѕирен гел за веѓи
1.030,00 ден
Транспарентен гел за веѓи со одлична издржливост и со лифтинг ефект.
- Опис
- За брендот
Опис
Идеалниот производ за секој кој сака средени и стилизирани веѓи во текот на денот. Проѕирната и флексибилна формула која лесно се надградува, ги фиксира веѓите без чувство на лепливост, а совршена е за изглед на подигнати и ламинирани веѓи. Практичната мини четка ги чешла и обликува веѓите до совршенство, еднакво разнесувајќи го производот посегнувајќи дури и до најкратките влакненца.
Клинички и офталмолошки тестирано
Без состојки од животинско потекло
Произведено во Италија
ФОРМУЛА:
Специјалната формула гарантира совршена цврстина, фиксирајќи ги веѓите без да им даде чувство на тежина.
MAKE-UP СОВЕТИ:
За природно фиксирање, нанеси го гелот следејќи ја природната насока на влакната, чешлајќи ги од долу кон горе.
За ефект на ламинација, нанеси го гелот во спротивната насока на влакната, од надворешноста на веѓите кон средината на лицето. Потоа исчешлај во насока на влакната, од долу кон горе за лифт ефект. Мала количина од производот е доволна за совршена цврстина која ќе трае во текот на целиот ден.
PUPA Milano шминка
Pupa верува дека убавината е бесплатна експресија на нашата индивидуалност и автентичност. Брендот нуди висококвалитетни производи по пристапни цени. Благодарение на разновидноста и многубројните производи, брендот ги привлекува сите жени, охрабрувајќи ги да веруваат во себеси и правејќи да се чувствуваат специјално и едноставно прекрасно.
PUPA верува во позитивност и разнобоен свет, без предрасуди и стереотипи. PUPA е креативност, дизајн, трендови, и убавина произведена во Италија. Црвената боја го доловува духот на PUPA: црвена за страст, динамичност и виталност, црвена за енергијата да се развиваат нови форми на експресија секој ден.
PUPA е автентичност, емоција и страст. Секоја жена е PUPA жена.










