PUPA Vamp! маскара за очи во боја

1.140,00 ден

SKU: 1899

Препознатливата маскара на Pupa. Огромни трепки, со огромен волумен. Најпродаваната во парфимериите.

Рок на употреба (од отворање): 6 месеци

Опис

Оваа маскара за волумен има револуционерна формула и перформанс. Добиј дебели, долги, супер густи трепки со драматичен изглед на вештачки трепки, без чувство дека ја носиш. Маскарата е приспособлива: можеш да го креираш ефектот кој го посакуваш, потег по потег.
Текстурата е кремаста, со реструктурирачки ефект, а закривената четка со меки и густи влакна е креирана од Pupa со цел да земе максимум количина од производот и инстантно да ја разнесе еднакво на трепките. Достапна во екстра црна + уште 5 бои.

Низок ризик од алергии
Офталмолошки тестирана
Без парабени
Погодна за чувствителни очи и за лица кои носат контактни леќи
Произведено во Италија

ФОРМУЛА:
Формулата комбинира мешавина од восоци со специјални полимери.
Мешавината од восоци ја прават текстурата богата и кремаста со цврст реструктуирачки ефект. Полимерот е специјален слој кој ја зголемува трајноста на маскарата, го минимизира размачкувањето, а истовремено ги прави трепките меки и флексибилни.

СОВЕТ:
Целосно нанесување на бојата: започни од коренот на трепките и расчешлај со цик-цак движења кон врвовите. Предложуваме нанесување на маскарата во неколку потези, движејќи се од едно око кон друго, се додека не го добиеш волуменот кој го посакуваш. За завршен чекор, користи го апликаторот вертикално.
Нанесување на маскарата на француски начин: комбинирај ја Vamp! Extrablack со Vamp! маскара во боја и нанеси само на врвот на трепките.

PUPA Milano шминка

Pupa верува дека убавината е бесплатна експресија на нашата индивидуалност и автентичност. Брендот нуди висококвалитетни производи по пристапни цени. Благодарение на разновидноста и многубројните производи, брендот ги привлекува сите жени, охрабрувајќи ги да веруваат во себеси и правејќи да се чувствуваат специјално и едноставно прекрасно.
PUPA верува во позитивност и разнобоен свет, без предрасуди и стереотипи. PUPA е креативност, дизајн, трендови, и убавина произведена во Италија. Црвената боја го доловува духот на PUPA: црвена за страст, динамичност и виталност, црвена за енергијата да се развиваат нови форми на експресија секој ден.
PUPA е автентичност, емоција и страст. Секоја жена е PUPA жена.