Ralph Lauren Ralph’s Club Elixir

10.490,00 ден

SKU: 1891

Откриј го исклучителниот интензитет на Ralph’s Club Elixir. Втемелен во препознатливата дрвенеста софистицираност на Ralph’s Club, овој еликсир во спреј комбинира сензуални дрвенести ноти со опоен килибар, за да открие поинтензивна и полуксузна страна.

Оваа експертски дизајнирана мешавина содржи шест состојки, дестилирани до нивниот највисок квалитет: италијанска зелена мандарина, жалфија и лаванда од Прованса, гераниум од Мадагаскар, француски орис (корен од ирис) и пачули од Бали.
Шишето го има препознатливиот мазен облик во форма на плоска, елегантно и обоено во црна боја, кое инстантно потсетува на оригиналната Ralph’s Club чинија и капаче во сребрена боја на кое е втиснато култниот Ralph’s Club монограм.

Ralph Lauren Polo се здружува со L’oreal групацијата за да претстави и своја линија мириси, започнувајќи со култниот мирис за мажи Polo и класичниот женски мирис Lauren во 1978. Наредните два мириси во линијата, Chaps for Men и Tuxedo for Women, двата лансирани во 1979 година, исто така стануваат омилени класици.

Рок на употреба (од отварање): 24 месеци

Ralph Lauren

Ralph Lauren е американски моден дизајнер познат по неговата популарна Polo линија, но и по други линии облека, модни додатоци и украси за домот. Основана во 1967 година, првично нудејќи линија на машки вратоврски, компанијата рапидно расте во краток период и отвора свој бутик во стоковната куќа Bloomingdale’s во 1969-та и целосно своја продавница во Beverly Hills во 1971. Првата женска линија Polo е лансирана истата година.