Redken NYC Acidic Color Gloss Conditioner балсам за сјај и заштита на сите типови боена коса 300мл
2.050,00 ден
Балсам за боена коса кој помага во пролонгирање на бојата и сјајноста.
Рок на употреба (од отварање): 12 месеци
- Опис
- За брендот
Опис
ПРИДОБИВКИ:
Последната иновација во негата за боена коса, балсамот од Redken – Acidic Color Gloss е револуционерен балсам кој го продолжува животот на бојата, ја навлажнува косата и обезбедува сјај како во салон. Оваа кисела формула е ph-балансирана за долготрајна живописност на бојата до 32 миења* и 76% посјајна коса**. Интензивно ја хидрира косата и ги затвора кутикулите за да ја задржи сјајноста на молекуларно ниво. Користи го како дел од комплетна рутина со Acidic Color Gloss шампон, Activated Glass Gloss третман и Heat Protection Leave-In Treatment.
НАЈДОБАР ЗА:
• Професионално боена коса
• Еднолична, не третирана коса
• Сите типови и текстури на коса
КЛУЧНИ ПРИДОБИВКИ:
• Живописност на бојата до 32 миења*
• Кисела pH формула која ги затвора кутикулите и ја задржува сјајноста
• Интензивно ја негува косата
• Косата инстантно изгледа и се чувствува ревитализирано
• Заштита на бојата и сјај како од салон, за боената коса
*Систем од Acidic Color Gloss шампон и балсам
**Acidic Color Gloss Shampoo & Glass Gloss Treatment во споредба со немиена боена коса
ОДРЖЛИВОСТ:
Направено од 1оо% рециклирана пластика*
Формула направена во фабрика која користи обновлива енергија**
Веганска формула***
*Освен капачето или пумпицата
**Во претходната календарска година. Пронајди повеќе информации на L’Oreal Universal Registration Document.
***Без состојки од животинско потекло.
НАЧИН НА КОРИСТЕЊЕ:
По шампонирање со Acidic Color Gloss шампонот и нанесување Acidic Color Gloss Activated Glass Gloss Treatment, нанеси го Acidic Color Gloss балсамот, почекај 1-3 минути, а потоа исплакни.
Redken
Redken е американски бренд за нега на коса во сопственост на L’Oréal Group, во рамките на одделот за професионални производи. Компанијата е основана во 1960 година од страна на Jheri Redding и Paula Kent, па оттука доаѓа и името “Red-ken.” Redken е пионер во „Научниот пристап кон убавината“ и го револуционираше бизнисот со професионални салони со воведување на концептот на протеинска регенерација и развој на нови производи на база на протеини, кои се подоцна патентирани. Основачката Paula Kent ја револуционизираше индустријата за професионална нега на коса и за стилисти и за клиенти. Нејзината посветеност на науката и нејзиниот пионерски дух помогнаа брендот да стане она што е денес.












