-20%

Shiseido Vital Perfection Uplifting and Firming Advanced Day Cream SPF30, 50ml

Original price was: 9.980,00 ден.Current price is: 7.985,00 ден.

Достапност: На залиха SKU: 768614210269

Високоефективна секојдневна крема со SPF 30, која обезбедува придобивки против страеење на кожата.

Рок на употреба (од отворање): 12 месеци

Опис

Високоефективна секојдневна крема со SPF 30, која обезбедува придобивки против страеење на кожата.

Оваа научно напредна дневна крема обезбедува бенефити против стареење кои помагаат во подобрување на цврстината, виснатоста, темните дамки, нееднаквиот тон на кожата и длабочките брчки. Кремата ја зацврстува твојата нутритивна мрежа, која помага во одржување на природниот колаген за поцврста бариера на влажност и поцврста, светла кожа. Збогатена со SafflowerRED™ (шафраника), ексклузивно растена во Јапонија, и екстракт од корен од женшен. Сега достапна во формат кој може да се дополнува.

КЛУЧНИ ПРИДОБИВКИ:

  • Клинички докажано дека ја подобрува кожата со ефекти против стареење, го таргетира виснувањето, длабоките брчки, губењето на цврстината, темните дамки и нееднаквиот тон на кожата.
  • Заштита од сонце, SPF 30 против штетните UVA/UVB зраци.
  • Содржи SafflowerRED™ (шафраника) за поддршка на колагенската мрежа.
  • Обезбедува 24 часовна хидратација
  • Дерматолошки тестирана. Некомедогена.
  • Refill помага во намалување на пластичниот оптпад до 79%, во споредба со регуларен производ.

КЛУЧНИ СОСТОЈКИ:
Оваа крема ја зацврстува твојата невидлива нутритивна мрежа со моќни состојки против стареење:

  • SafflowerRED™ (шафраника): Ексклузивно растена во Јапонија, ја поддржува колагенската мрежа и помага во подигнување, зацврстување и изедначување на тенот.
  • Екстракт од корен од женшен: Познат по поддршка на природниот колаген, оставајќи ја кожата поцврста и посветла, истовремено зацврстувајќи ја бариерата на влажност на кожата.
  • Екстракт од хинап (Jujuba): Помага во здравјето на кожата и ја подобрува функцијата на бариерата на кожата.
  • Кофеин: Помага во енергизирање на кожата.

РЕЗУЛТАТИ:
Во 1 недела*,

90% кажале дека контурите на лицето се позатегнати
89% кажале дека тонот на кожата е поизедначен
87% кажале дека темните дамки се помалку видливи
86% кажале дека длабоките брчки се помалку видливи

*Потрошувачки тест од 96 жени. 

ТИП НА КОЖА:
Сите типови кожа.

ПРИДОБИВКИ:
Лифтинг, зацврстување, осветлување, изедначување.

ТАРГЕТ:
Висната кожа, темни дамки, нееднаков тон на кожата, длабоки брчки.

НАЧИН НА УПОТРЕБА:
Нанеси наутро, по чистење на лицето и најмалку 15 минути пред изложување на сонце.
Земи количина во форма на 2 бисери со вметнатата шпатула и нанеси на 5 точки на лицето (образите, челото, носот и брадата).
Нежно измазни низ лицето, започнувајќи од големите делови, како што се образите и челото. Размачкај од центарот на лицето кон надвор, а потоа и долж линијата на вилицата.
Со нежен притисок притисни со двата палци по линијата на вилицата, почнувајќи под брадата и завршувајќи од ушите. Повтори 6 пати.
Држи ги прстите заедно, поставувајќи ги показалците по назолабијалните линии.
Движи се кон слепоочниците, влечејќи од назолабијалните линии кон образите. Подигни и повтори 6 пати.

Shiseido

SHISEIDO е еден од најстарите и најпрестижни јапонски козметички брендови, основан во 1872 година. Брендот ја спојува јапонската традиција со најсовремените научни истражувања за да создаде високоефикасни производи за нега на кожа, шминка и парфеми. SHISEIDO е препознатлив по иновативните формули, луксузното искуство и посветеноста кон убавината што ја нагласува природната хармонија и сјај на кожата.