-25%
Valentino Uomo Born In Roma The Gold Eau de toilette
Original price was: 8.240,00 ден.6.180,00 денCurrent price is: 6.180,00 ден.
Born in Roma The Gold Uomo Eau de Toilette е нов, воодушевувачки мирисен потпис изразен преку мешавина од скапоцени зачини, кои го збогатуваат мирисот со топлина во горните ноти.
Есенцијата од кедрово дрво од Вирџинија, САД, носи дрвенеста топлина на мирисот, додека во основата нотите на килибарна ванила ја галат кожата како сонце во лето.
Valentino Beauty те кани да нурнеш во монохроматскиот и вибрантен свет на златната боја, како што е култниот Born in Roma. Златната боја продолжува да чекори низ времето, присвојувајќи нова страна на релевантност и модерност, која се провлекува во ова дуо.
Рок на траење по отварање на производот: 24 месеци
- За брендот
Valentino
Valentino Garavani е еден од најголемите креатори во Италија. Глобално почитуван по неговите извонредни Couture креации и романтични тоалети од црвениот килим, тој ја освојува модната сцена и светот на мирисите. Во 1949 на само 17 години се сели во Париз за да ги реализира своите интереси во поглед на модата и се школува во најпрестижните школи своевремено. Во 1960та го запознава Giancarlo Giammetti со кого станува бизнис партнер. Во 1962 година е првата Couture ревија во Pitti Palace во Фиренца и е прифатена со воодушевување од критиката. Ова се смета за негов пробив и наскоро станува омилен на елитата. Апсолутна дизајнерска доминација воспоставува и на пазарот на мирисите. Партнерството со великаните Procter and Gamble престанува во 2010 година. Во истиот период започнува партнерството со една од најдоминантните компании на денешнината Puig со која продолжува да бележи успеси. На пазарот се лансирани 24 парфеми, во временска рамка од 1978 година до последниот во 2015година, со потпис на неговата компанија и по неговото повлекување од сцената.








