-25%

Valentino Uomo Born In Roma Yellow Dream Eau de toilette

Price range: 4.615,00 ден through 6.520,00 ден

SKU: 1193

Born In Roma Yellow Dream дава мирисен приказ на Рим. Романтични златни светла, кои се сретнуваат со градските улици. Мирисот за него е ориентален и свеж, изграден околу егозтична тензија од свежина и сензуален ѓумбир. BORN IN ROMA YELLOW DREAM тоалетната вода за него, е компонирана од 3 ноти:
ОБОЕНА НОТА: свеж и енергичен спој на италијанска мандарина и сочна нота на ананас, која ги буди сетилата.
ЛЕДЕНА НОТА: единствената нота на зачинскиот ѓумбир носи неодолива ориентална привлечност.
COUTURE НОТА: апсолутот од ванила и нотите на кедрово дрво носат силна и долготрајна сензуалност.
Шишето е дизајнирано со култните и веќе препознатливи Valentino нитни инспирирани од римската архитектура, чиј пирамидален облик се трансформира од класичен во малку возбудлив и дрзок стил.
BORN IN ROMA мирисите ја раскажуваат приказната на Рим. Улиците на Рим се преполни со спомени од минатото. Град кој е симбол на слобода, култура и естетика.

Рок на траење по отварање на производот: 24 месеци

Valentino

Valentino Garavani е еден од најголемите креатори во Италија. Глобално почитуван по неговите извонредни Couture креации и романтични тоалети од црвениот килим, тој ја освојува модната сцена и светот на мирисите. Во 1949 на само 17 години се сели во Париз за да ги реализира своите интереси во поглед на модата и се школува во најпрестижните школи своевремено. Во 1960та го запознава Giancarlo Giammetti со кого станува бизнис партнер. Во 1962 година е првата Couture ревија во Pitti Palace во Фиренца и е прифатена со воодушевување од критиката. Ова се смета за негов пробив и наскоро станува омилен на елитата. Апсолутна дизајнерска доминација воспоставува и на пазарот на мирисите. Партнерството со великаните Procter and Gamble престанува во 2010 година. Во истиот период започнува партнерството со една од најдоминантните компании на денешнината Puig со која продолжува да бележи успеси. На пазарот се лансирани 24 парфеми, во временска рамка од 1978 година до последниот во 2015година, со потпис на неговата компанија и по неговото повлекување од сцената.