Valentino Uomo Born In Roma Eau de toilette 50ml + travel size 10ml

6.470,00 ден

Достапност: На залиха SKU: 3614274680096

Valentino Born in Roma Uomo: 50ml EDT плус 10ml спреј за патување. Искуси модерна мажественост и смела римска елеганција.

Рок на употреба (од отворање): 24 месеци

Рок на траење по отварање на производот: 24 месеци

Опис

Оваа празнична сезона, зачекори во срцето на модерен Рим со прекрасниот Valentino Born in Roma Uomo сет. Ова ексклузивно дуо е дизајнирано за мажот кој ги слави своите корени, истовремено прифаќајќи го модерниот, смел дух. Сетот содржи 50ml шише од култниот Born in Roma Uomo EDT, совршено надополнет со практичен спреј за патување од 10ml, овозможувајќи твојот мирисен потпис да патува таму каде и ти.
Valentino Born in Roma Uomo EDT е прекрасен дрвенест мирис кој воспоставува рамнотежна помеѓу класичната римска елеганција и остриот модернизам. Се отвора со освежувачка свежина од свеж ѓумбир и уникатен акорд на минерална сол, евоцирајќи ја живописната енергија на градот на древните камења и динамичниот уличен стил. Срцевината се развива со софистицираната зелена свежина од листови темјанушка, додавајќи префинета мажествена цветна доза која зборува со безнапорен стил. Патувањето кулминира со длабока сензуална база од зачаден ветивер и топли дрвенести ноти, оставакќи посебна и незаборавна трага. Тој е мирис кој отелотворува самодоверба, самоуверен маж кој ги дефинира своите правила и се издвојува од толпата.
Овој сет нуди практичност и сестраност. Шишето од 50ml е совршено за секојдневна употреба, овозможувајќи ти целосно да нурнеш во несовладливата наратива на мирисот. Компактниот travel spray од 10ml е неоходен придружник за модерниот маж во движење, идеален за освежување на моќниот мирис во текот на денот, без разлика дали патуваш, имаш состанок или пак имаш вечерно излегување.
НАЧИН НА КОРИСТЕЊЕ:
Нанеси на пулсни точки: зглобови, внатрешноста на лактите и вратот.

Valentino

Valentino Garavani е еден од најголемите креатори во Италија. Глобално почитуван по неговите извонредни Couture креации и романтични тоалети од црвениот килим, тој ја освојува модната сцена и светот на мирисите. Во 1949 на само 17 години се сели во Париз за да ги реализира своите интереси во поглед на модата и се школува во најпрестижните школи своевремено. Во 1960та го запознава Giancarlo Giammetti со кого станува бизнис партнер. Во 1962 година е првата Couture ревија во Pitti Palace во Фиренца и е прифатена со воодушевување од критиката. Ова се смета за негов пробив и наскоро станува омилен на елитата. Апсолутна дизајнерска доминација воспоставува и на пазарот на мирисите. Партнерството со великаните Procter and Gamble престанува во 2010 година. Во истиот период започнува партнерството со една од најдоминантните компании на денешнината Puig со која продолжува да бележи успеси. На пазарот се лансирани 24 парфеми, во временска рамка од 1978 година до последниот во 2015година, со потпис на неговата компанија и по неговото повлекување од сцената.