Valentino Vendetta Donna Eau de parfum

Price range: 6.150,00 ден through 11.830,00 ден

SKU: 1459-1-2-1

Цветно-гурмански дрвенест потпис, како мирис на незапирлива страст.

Рок на употреба (од отворање): 24 месеци

Опис

VENDETTA Donna Eau de Parfum, новиот мирис за жени од Valentino.

Флорално-гурмански потпис како мирис на незапирлива страст. Мирисен пакт помеѓу сончевата привлечност на тубероза, зависната светлост на нектар од црвен портокал и кремавоста на дрвенестите ноти. Смело и сензуално присуство, дизајнирано за самоуверената и привлечна жена.

Мирисот е изграден околу 3 клучни мирисни ноти за смело чувство на незапирлива страст:

  • Почетни ноти: Опојна тубероза Osmobloom™ од Колумбија, нудејќи топла, соларна и кремаста привлечност.
  • Срцевина: Ексклузивен акорд од нектар на црвен портокал, инспириран од Tarocco Rosso, италијанска сорта со длабоко црвена пулпа, носејќи привлечна слаткост налик ликер.
  • База: Сандалово дрво, кремасто мистериозно дрво кое го закотвува мирисот со длабока и магнетична сензуалност.

Овој потпис прекрасно делува на кожата во текот на целата година и остава трајна силажа која се топи на кожата, формирајќи неизбришлива зависност. Ремек дело создадено од мастер парфимерот Dominique Ropion и талентираниот Andrew Everett.

Шишето на VENDETTA Donna Eau de Parfum е ремек дело кое содржи култни и безвременски кодови.

Смелото графичко V изрезбано директно на стаклото, ѝ дава структура на силуетата како почит кон брендот. Мирисот е понатаму доразубавен со длабока црвена нијанса, оддекнувајќи ја препознатливата Rosso Valentino боја како симбол на страста, интензитет и смела емоција.

Вметнат во сјајното транспарентно стакло, бојата на џусот станува визуелна екстензија на карактерот на мирисот. Дизајнот комбинира структурна сила со црно плисирано капаче, суптилно оддавање почит на наборите кои можат да се видат во облеката од висока мода на Valentino.

Замислен како пар со VENDETTA Uomo Eau de Parfum, ова препознатливо шишенце рефлектира безвременско couture наследство и автентичниот идентитет на Valentino.

НАЧИН НА КОРИСТЕЊЕ:
Подготви ја кожата: Нанеси непарфимирана крема на чиста кожа за подолг мирисен потпис.
Таргетирај ги пулсните точки: Прскај директно на зглобовите, вратот, деколтето и позади ушите.
Држи растојание: Високата концентрација на скапоцени состојки и уникатната нијанса на VENDETTA Donna, може благо да ги обои светлите ткаенини дококу е прскан од многу блиску. Одржувај растојание од најмалку 30цм од кожата. Доолку се случи да дојде до некакви траги, истите ќе се отстранат во машина за перење алишта.

Испрскај два пати за преку ден или три до четири за навечер.
Не триј! Избегнувај триење на зглобовите еден од друг, бидејќи триењето може да влије на нежните почетни ноти.

МЕРКИ НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ:
Внимание: Загревањето може да предизвика пожар.
Да се чува подалеку од топлина, жешки површини, искри, отворен пламен и други извори на топлина. Пушењето е забрането.

Valentino

Valentino Garavani е еден од најголемите креатори во Италија. Глобално почитуван по неговите извонредни Couture креации и романтични тоалети од црвениот килим, тој ја освојува модната сцена и светот на мирисите. Во 1949 на само 17 години се сели во Париз за да ги реализира своите интереси во поглед на модата и се школува во најпрестижните школи своевремено. Во 1960та го запознава Giancarlo Giammetti со кого станува бизнис партнер. Во 1962 година е првата Couture ревија во Pitti Palace во Фиренца и е прифатена со воодушевување од критиката. Ова се смета за негов пробив и наскоро станува омилен на елитата. Апсолутна дизајнерска доминација воспоставува и на пазарот на мирисите. Партнерството со великаните Procter and Gamble престанува во 2010 година. Во истиот период започнува партнерството со една од најдоминантните компании на денешнината Puig со која продолжува да бележи успеси. На пазарот се лансирани 24 парфеми, во временска рамка од 1978 година до последниот во 2015година, со потпис на неговата компанија и по неговото повлекување од сцената.

1278643 14 – INGREDIENTS: ALCOHOL • PARFUM / FRAGRANCE • AQUA / WATER / EAU • BENZYL SALICYLATE • TETRAMETHYL ACETYLOCTAHYDRONAPHTHALENES • BENZYL ALCOHOL • VANILLIN • ALPHA-ISOMETHYL IONONE • CITRUS AURANTIUM FLOWER OIL • LINALOOL • CARVONE • BENZALDEHYDE • LINALYL ACETATE • CITRUS AURANTIUM PEEL OIL • COUMARIN • METHYL ANTHRANILATE • BUTYL METHOXYDIBENZOYLMETHANE • LIMONENE • HEXYL CINNAMAL • PINENE • HEXADECANOLACTONE • ROSE KETONES • PELARGONIUM GRAVEOLENS FLOWER OIL • AMYL SALICYLATE • SANTALOL • CANANGA ODORATA OIL/EXTRACT • CITRONELLOL • CI 14700 / RED 4 • GERANIOL • EUGENOL • GERANYL ACETATE • BETA-CARYOPHYLLENE • TRIS(TETRAMETHYLHYDROXYPIPERIDINOL) CITRATE • CITRAL • TERPINOLENE • CI 60730 / EXT. VIOLET 2 • BENZYL BENZOATE • TERPINEOL • ALPHA-TERPINENE (F.I.L. N70088435/1).