Versace Crystal Emerald Por Femme Eau de parfum
Price range: 5.060,00 ден through 8.475,00 ден
Ти си смела, блескава и незаборавна, а таков треба да биде и твојот парфем. Versace Crystal Emerald е создаден за жената која презема контрола врз својата судбина, чија енергија е магнетична и чија самодоверба ги инспирира сите околу неа.
Рок на траење (од отворање): 36 месеци
- Опис
- За брендот
Опис
Crystal Emerald – новиот парфем од Versace, инспириран од смелата, интензивна зелена нијанса на смарагдот.
Неговите обвивни цветни ноти зрачат со енергија и виталност, совршено отсликувајќи ја слободната жена – самоуверена, автентична и незаборавна, благодарение на своето природно зрачење и магнетна присутност.
Versace отсекогаш ја славел женственоста и ја поддржувал силата на жените – нивната слобода на самоизразување, индивидуалноста и одлучноста да бидат она што самите ќе одлучат.
Crystal Emerald го отелотворува токму тој дух – парфем што се носи лесно и со стил, внесувајќи чувство на природна елеганција и блесок во секој момент.
МИРИСОТ
Мирисната композиција започнува со живописна цитрусна свежина, каде што препознатливиот калабриски бергамот се испреплетува со кадифената, сочно-слатка суштина на праската – како овошје штотуку набрано од сончева градина. Дополнувањето од розев бибер внесува доза префинета софистицираност.
Во срцето на мирисот, розова пупка полека се отвора – млада и полна со живот, обвиена со пикантни и овошни сенки кои потсетуваат на нежноста на розова градина во раните утрински часови, росна и свежа. Јасминот внесува кадифена мекост, додека малиновото сорбе додава шаренолика и опојна нота што создава зависност.
Во основата, долготрајната и обвивна прегратка на белиот мошус се спојува со топлината на бразилската тонка и блага нота на темјан, создавајќи префинет и недвосмислено елегантен мирисен потпис.
ШИШЕНЦЕТО
Смело, сјајно и елегантно, шишенцето на Crystal Emerald претставува вистински дизајнерски предмет. Геометриските линии се инспирирани од сечењето на смарагд, рефлектирајќи ја светлината на фасцинантен начин. Изработено е од проѕирно стакло во интензивна смарагдно-зелена боја. Дизајнот е завршен со преголемо фасетирано капаче кој ја рефлектира формата на скапоцен камен.
КАМПАЊАТА
Моделот Lila Moss е заштитното лице на кампањата. Со својата природна елеганција и самоуверена појава, таа совршено ја претставува својата генерација: креативна и безрезервно своја.
На фотографиите на Mert Alas, Lila ја канализира митската моќ на Медуза – култниот симбол на Versace. Нејзината коса се движи слободно во сите правци, како круна од елеганција што зрачи со движење и енергија.
Во видеото на режисерот Сајмон Шадоар, нејзината силуета се движи во хипнотички ритам на песната „Mirrors“ од Nightbus. Облечена во смарагдно зелена тоалета инспирирана од дизајнот на шишенцето, нејзините зелени очи блескаат со интензивна светлина, создавајќи аура на моќ и мистерија.
Versace
Основана во 1978 година, Versace е италијанскa модна куќа основана од Gianni Versace, која продолжува со својата работа до денешен ден под раководство на разни членови на неговото потесно семејство по неговата прерана смрт во 1997 година. Дебитирајќи со линија на облека за жени, куќата постигнува инстантен успех кој бил проследен со линија на облека за мажи , а потоа и со отворање на првиот бутик во Милано следната година. Творејќи под влијание на современиот уличен живот, филмовите, уметноста, како и класичната грчка и римска историја и дизајн, Versace станува омилен меѓу славните личности, а брендот често ги користел богатите и славни џет-сетери во своите рекламни кампањи. Неговите раскошни ревии биле вистински настани и всушност на Versace често му се препишува заслугата за создавањето на “супермодел” феноменот на деведесеттите години. Versace Couture, главната линија на куќата, произведува и дистрибуира мода и производи, како што се накит, аксесоари, парфеми, козметика и мебел. Versace парфемите датираат уште од самиот Gianni кога во 1981 го создал неговиот мирис за жени и го нарече по себе – Gianni Versace.








