Нема на залиха

Versace Dylan Turquoise гел за туширање 200ml

Достапност: Нема на залиха SKU: 8011003858118

Дополнување во сензуалната Dylan Turquoise линија, вибрантниот мирис е пренесен и во негувачки, парфимиран гел за туширање. Освежувачкиот раскош на енергичните ноти е балансиран со сензуална доза на дрва и мошус, создавајќи свеж и долготраен мирис.

  • Почетни ноти: Есенција од мандарина, есенција од лимон primofiore essence, розев бибер
  • Срцевина: Црна рибизла, ливчиња јасмин, фрезија, гуава
  • База: Clearwood®, вибрантни дрвенести ноти, мошус
  • Мирисна фамилија: Цветен, дрвенест, мошусен

Рок на траење (од отворање): 36 месеци

Versace

Основана во 1978 година, Versace е италијанскa модна куќа основана од Gianni Versace, која продолжува со својата работа до денешен ден под раководство на разни членови на неговото потесно семејство по неговата прерана смрт во 1997 година. Дебитирајќи со линија на облека за жени, куќата постигнува инстантен успех кој бил проследен со линија на облека за мажи , а потоа и со отворање на првиот бутик во Милано следната година. Творејќи под влијание на современиот уличен живот, филмовите, уметноста, како и класичната грчка и римска историја и дизајн, Versace станува омилен меѓу славните личности, а брендот често ги користел богатите и славни џет-сетери во своите рекламни кампањи. Неговите раскошни ревии биле вистински настани и всушност на Versace често му се препишува заслугата за создавањето на “супермодел” феноменот на деведесеттите години. Versace Couture, главната линија на куќата, произведува и дистрибуира мода и производи, како што се накит, аксесоари, парфеми, козметика и мебел. Versace парфемите датираат уште од самиот Gianni кога во 1981 го создал неговиот мирис за жени и го нарече по себе – Gianni Versace.