Versace Eros Energy парфимиран гел за туширање 250мл
2.690,00 ден
Versace Eros Energy гелот за туширање е освежувачко мирисно искуство инспирирано од медитеранското крајбрежје. Со свежи цитрусни ноти на бергамот, црвен портокал и лимон, овој балсам за после бричење е истовремено енергичен и луксузен. Розев бибер и црна рибизла во срцевината додаваат доза сензуалност, додека базните ноти од пачули, мошус и дабова мов, зрачат со нежен и земјен карактер. Совршен за комбинација со Eros Energy Eau de Parfum за комплетно мирисно искуство.
· Мажествен, цитрусен гел за туширање.
· Омекнува и хидрира.
· Совршено оди со Eros Energy Pour Homme EDP.
Горни ноти: Бергамот, црвен портокал, масло од лимета, мандарина, грејпфрут и лимон.
Срцевина: Розев бибер, црна рибизла и бел мошус.
Основа: Пачули, мошус и дабова мов.
- За брендот
Versace
Основана во 1978 година, Versace е италијанскa модна куќа основана од Gianni Versace, која продолжува со својата работа до денешен ден под раководство на разни членови на неговото потесно семејство по неговата прерана смрт во 1997 година. Дебитирајќи со линија на облека за жени, куќата постигнува инстантен успех кој бил проследен со линија на облека за мажи , а потоа и со отворање на првиот бутик во Милано следната година. Творејќи под влијание на современиот уличен живот, филмовите, уметноста, како и класичната грчка и римска историја и дизајн, Versace станува омилен меѓу славните личности, а брендот често ги користел богатите и славни џет-сетери во своите рекламни кампањи. Неговите раскошни ревии биле вистински настани и всушност на Versace често му се препишува заслугата за создавањето на “супермодел” феноменот на деведесеттите години. Versace Couture, главната линија на куќата, произведува и дистрибуира мода и производи, како што се накит, аксесоари, парфеми, козметика и мебел. Versace парфемите датираат уште од самиот Gianni кога во 1981 го создал неговиот мирис за жени и го нарече по себе – Gianni Versace.





