YSL Y Le parfum 100ml + travel size 10ml
10.140,00 ден
Y LE PARFUM, нов пресврт на култниот секси чист потпис на Y франшизата. Апсолутната сила на темниот fougère, поинтензивен, помоќен, попривлечен од било кога.
Долготраен мирис во кој се искомбинирани нотите на вибрантната лаванда од Франција со силата на американското кедрово дрво, две состојки ексклузивно селектирани за YSL Beauté. Оваа моќна мирисна изјава е нагласена со сјајот на култниот гераниум и длабокиот, сензуален ритам на темјанот.
Рок на употреба (од отворање): 24 месеци
- За брендот
Yves Saint Laurent
Yves Saint Laurent е француска модна куќа основана од страна на Yves Henri Donat Mathieu-Saint-Laurent. Yves Saint Laurent е симбол на индивидуалност, креативност и луксуз, како во модната индустрија, така и во светот на козметиката и парфемите. Ексклузивната шминка и оригиналните парфеми се составен дел од неговата прочуена градина. Кариерата на Laurent започнува од неговата 17 годишна возраст, кога станува и помошник на Christian Dior. Со смртта на Dior 4 години подоцна, Laurent е именуван за раководител на куќата Dior на само 21 година. Laurent понатаму ја основа својата модна компанија и продолжува да станува еден од највлијателните модни дизајнери во периодот на 60-тите и 70-тите години. Yves Saint Laurent останува активен како главен дизајнер на колекцијата до крајот на 80-тите. Yves Saint Laurent умира во 2008-ма година. Првиот мирис на куќата, Y за жени, е претставен во 1964-та година. Y и уште неколку други изданија на YSL, вклучувајќи го и Rive Gauche (1970), Opium (1977), машкиот мирис Kourous (1981) и Pariz (1983), станаа модерна класика во светот на парфемите.





