-30%
Yves Saint Laurent Libre Eau de parfum 50ml +travel size 10ml + Candy Glaze во нијанса 15 Showcasing Nude
Original price was: 12.360,00 ден.8.655,00 денCurrent price is: 8.655,00 ден.
YSL ги слави оние кои прават да расцветаш.
Рок на траење (од отворање на производот): 12 месеци
Рок на траење по отварање на производот: 24 месеци
- Опис
- За брендот
Опис
YSL ги слави оние кои прават да расцветаш. Реосмислен со дизајн инспириран од високата мода и со големо Cassandre лого и препознатливата chevron шара, овој сет го содржи LIBRE EAU DE PARFUM 50 ML + 10 ML TRAVEL SPRAY + CANDY GLAZE сјај во форма на кармин за да ја доловиш расцветаната свежина на пролетта. Искажи ја твојата благодарност без граници и направи го секој момент ода на расцветувачката поврзаност.
Libre Eau de Parfum е смел, цветен парфем за жени. Женствен мирис за оние кои живеат според свои правила, но исто така и изјава за вредноста и одржливоста, мирис кој повторно можеш да го надополниш со refill шише од 100ml. Есенцијата од лаванда од Франција е искомбинирана со сензуалноста на марокански цвет од портокал, смели ноти на мошус и топла ванила, за да создаде уникатен и долготраен парфем. Refill шишето Libre Eau de Parfum 100ml е компатибилно со форматите од 30ml, 50ml и 90ml, на кои е истакнато “refillable” на надворешното пакување. YSL Beauty е посветен на намалување на нивото влијание. Со повторно полнење на парфемот помагаш во зачувување 41%* стакло, 67%* метали, и 38%* пластика.
*Калкулација направена со споредба на 1 шише од 50ml + 1 refill шише од 100ml во споредба со 3 класични шишиња кои не можат повторно да се полнат.
ЦВЕТ ОД ПОРТОКАЛ ОД МАРОКО
Растен во Мароко, овој уникатен благороден цвет од портокал е осмислен од мастер парфимерот Carlos Benaïm за топла сензуална и женствена нота.
СРЦЕВИНА ОД ДИВА ЛАВАНДА ОД ФРАНЦИЈА
Посвежа и поживописна цветна експресија на есенцијата, ексклузивно изработена за Yves Saint Laurent и добиена на одржлив начин.
ВАНИЛА БУРБОН ОД МАДАГАСКАР
Добиена од одржливи извори во Мадагаскар, и изработена ексклузивно за Yves Saint Laurent, добиена преку напредна технологија за екстракција, Jungle Essence™. Овој екстракт го доловува уникатниот солен мирис на ванила.
ИНСТРУКЦИИ ЗА КОРИСТЕЊЕ:
Нанеси го парфемот на пулсни точки како што се зглобовите, внатрешноста на лактите и вратот.
Yves Saint Laurent
Yves Saint Laurent е француска модна куќа основана од страна на Yves Henri Donat Mathieu-Saint-Laurent. Yves Saint Laurent е симбол на индивидуалност, креативност и луксуз, како во модната индустрија, така и во светот на козметиката и парфемите. Ексклузивната шминка и оригиналните парфеми се составен дел од неговата прочуена градина. Кариерата на Laurent започнува од неговата 17 годишна возраст, кога станува и помошник на Christian Dior. Со смртта на Dior 4 години подоцна, Laurent е именуван за раководител на куќата Dior на само 21 година. Laurent понатаму ја основа својата модна компанија и продолжува да станува еден од највлијателните модни дизајнери во периодот на 60-тите и 70-тите години. Yves Saint Laurent останува активен како главен дизајнер на колекцијата до крајот на 80-тите. Yves Saint Laurent умира во 2008-ма година. Првиот мирис на куќата, Y за жени, е претставен во 1964-та година. Y и уште неколку други изданија на YSL, вклучувајќи го и Rive Gauche (1970), Opium (1977), машкиот мирис Kourous (1981) и Pariz (1983), станаа модерна класика во светот на парфемите.










