-25%

Yves Saint Laurent The Inks Blur мат кармин за усни со висока трајност 5.5ml

Price range: 2.290,00 ден through 2.355,00 ден

Погледни кошничка
SKU: 2051-1-1

12 часовен мат кармин со висока трајност, 24 часа удобност, 70% негувачка формула и couture нијанси.

Рок на употреба (од отворање): 24 месеци

Опис

Искуси врвен мат парадокс со Yves Saint Laurent THE INKS BLUR. Овој иновативен долготраен кармин обезбедува мат завршеток кој трае до 12 часа, туркајќи ги границите на долготрајните бои за усни. Нурни во луксузна мат сензација каква што не си искусила, со лесна боја која совршено ги заматува усните.
THE INKS BLUR го постигнува својот уникатен завршеток преку хипер тенок слој и потешко бришење, обезбедувајќи беспрекорно нанесување и удобно, незабележливо чувство кое трае до 24 часа. Заоблените рабови на апликаторот овозможуваат безнапорно блендање, создавајќи ефект на мек фокус кој ја нагласува природната убавина на твоите усни. Пократката четка е експертски дизајнирана за прецизно разнесување на текстурата, овозможувајќи контролирано нанесување и беспрекорен завршеток.
Но, THE INKS BLUR е повеќе од само долготраен мат кармин за усни, тој е исто така и негувачка формула. Со 70% нега за усни, тој е најнегувачката течна мат формула досега, збогатена со мешавина од луксузни состојки. Круша, набрана од Ourika Community Gardens, која ги хидрира и негува усните, истовремено измазнувачката и осветлувачка тубероза додава доза блескавост. Церамидите кои исто така ја збогатуваат формулата, ги пополнуваат и штитат усните за поздрав изглед.
Откриј спектар од 10 прекрасни нијанси низ 4 фамилии на бои: нуд, розеви, црвени и портокалови, овозможувајќи ти да ја изразиш твојата личност со низа мат експресии. Мазното црно пакување прикажува транспарентно прозорче во форма на срце, откривајќи ја живописната боја внатре, а е украсено со рефлективно Cassandre лого во златна боја, simbol на безвременската елеганција на YSL и безрезервната посветеност кон квалитетот. Искуси ја трансформирачката моќ на THE INKS BLUR, каде долготрајната боја се сретнува со луксузната нега.
НАЧИН НА КОРИСТЕЊЕ:
Притисни на високите точки на усните со врвот на четката, а потоа со плоснатиот дел на четката нанеси кон надворешните делови на усните.
МЕРКИ НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ:
Чувај го подалеку од топлина, жешки површини, искри, отворен пламен и други запаливи извори. Пушењето е забрането.

Yves Saint Laurent Шминка

Yves Saint Laurent е француска модна куќа основана од страна на Yves Henri Donat Mathieu-Saint-Laurent. Yves Saint Laurent е симбол на индивидуалност, креативност и луксуз, како во модната индустрија, така и во светот на козметиката и парфемите. Ексклузивната шминка и оригиналните парфеми се составен дел од неговата прочуена градина. Кариерата на Laurent започнува од неговата 17 годишна возраст, кога станува и помошник на Christian Dior. Со смртта на Dior 4 години подоцна, Laurent е именуван за раководител на куќата Dior на само 21 година. Laurent понатаму ја основа својата модна компанија и продолжува да станува еден од највлијателните модни дизајнери во периодот на 60-тите и 70-тите години. Yves Saint Laurent останува активен како главен дизајнер на колекцијата до крајот на 80-тите. Yves Saint Laurent умира во 2008-ма година.  Првиот мирис на куќата, Y за жени, е претставен во 1964-та година. Y и уште неколку други изданија на YSL, вклучувајќи го и Rive Gauche (1970), Opium (1977), машкиот мирис Kourous (1981) и Pariz (1983), станаа модерна класика во светот на парфемите.