Женски Eau de parfum, Женски мириси, Мириси
Prada Paradoxe Sweet Chemistry Eau de parfum
Реосмислување на слаткоста во долготраен овошно-цветен парфем. Зависна капка сируп од црна рибизла обвиткана од неролија, овој пат изразена во кремаст млечен акорд и збогатена со апсолут од цвет од портокал. Рок на траење (од отворање на производот): 24 месеци
6.270,00 ден – 11.830,00 денPrice range: 6.270,00 ден through 11.830,00 ден
Избери опцииThis product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
Женски Eau de parfum, Женски мириси, Мириси
Prada Paradoxe Eau de parfum for women
Мирисот на Prada Paradoxe ја доловува суштината на недефинираната Prada жена која постојано се развива, жена која никогаш не е иста, но е секогаш своја. Овој авангарден препознатлив мирис се базира на темелите на безвременскиот букет од бели цветови и доаѓа во култно, но неочекувано триаголно шише кое ги опфаќа сите парадоксални димензии на мирисот и личноста.
Prada Paradoxe ја слави повеќедимензионалната интроспекција и изразот кој постојано се развива: жена која никогаш не е иста, но е секогаш бескомпромисно своја.
Во склад со креативниот дух на брендот и под водство на креативните директори Miuccia Prada и Raf Simons, мирисот е осмислен со цел да се обединат безвременоста и авангардата, природата и иновацијата. Доминантните ноти на горчлив портокал и јасмин, безвременските цветни тонови на букет бели цветови кои се во контраст со авангардната препознатлива арома на Ambrofix™ и Serenolide™, се спојуваат како би се добила интимна и долготрајна трага на парфем кој преовладува со живописна топлина.
Обликот на шишето е инспириран од оригиналното лого на брендот, што ја прави оваа реинтерпретација на логото безвременски предмет. Се работи за отстапка од традиционалниот дизајн на шише. Шишето е сега минималистичко и луксузно, осмислено да “лежи“ на една страна. Стои накосо, но цврсто, а неговата позиција е променлива, но стабилна.
Амбалажата на производот Prada Paradoxe може да се рециклира, а тоа се однесува и на кутијата и на шишенцето. Стаклените шишиња се осмислени на тој начин да се намали тежината и количество стакло, додека кутиите имаат и сертификат FSC™ MIX, што обезбедува хартијата и картонот да се употребуваат на одржлив начин.
Сите формати од линијата Prada Paradoxe можат повторно да се наполнат, со што се заштедува материјал за амбалажа. Едно шишенце од Prada Paradoxe од 50мл и шише за повторно надополнување од 100мл, придонесуваат за намалување на употребата на вкупните материјали за 40%, во однос на три шишенца од мирисот Prada Paradoxe од 50мл. Тоа вклучува 29% стакло, 67% метал, 46% пластика и 39% картон.
За овој нов мирис, Emma Watson е Prada Paradoxe, жена која е вистинска претставничка на модерната женственост која испишува нови правила за новата генерација, преку повеќедимензионалност која никогаш не е иста, но е секогаш автентична.
Рок на употреба (од отварање): 24 месеци
6.270,00 ден – 11.830,00 денPrice range: 6.270,00 ден through 11.830,00 ден
Избери опцииThis product has multiple variants. The options may be chosen on the product page



