Paco Rabanne 1 Million Eau de toilette for men

5.630,00 ден

SKU: 256

1 Мillion е апсолутната фантазија за раскош поткрепена со силен и неочекуван мирисен потпис. Со „bad boy“ шарм и неодоливо добар изглед, 1 Million е мирисна проекција на апсолутен џентлмен.
Со неговото лансирање на пазарот фреквенцијата на продаваност е на секои 5 секунди. Тоа што освојува и ги буди сетилата е комплексната комбинација на мирисни контрасти. Почетокот го отвора нота на сјаен, Пенлив грејпфрут кој инстантно и сладострастно го привлекува вниманието. Проследен со комбинација од Црвен портокал, Пеперминт Роза и Цимет, ноти кои му даваат специфична зачинетост и посебен карактер на маестралното дело. Инкорпорација на Кожа во една композиција, следејќи по овошните мириси пристигнува елегантна и префинета арома која успешно остава впечаток на силен карактер. Само што би си помислиле дека мирисот се смирува со изминување на нотите во базата, на огромно изненадување е енергетската обвивка од Пачули и Амбер кои на мажот на 1 Million му даваат зачудувачка моќ на заведување.

Paco Rabanne

“Кога се работи за креативност никогаш не станува збор за заведување, станува збор за шокирање. Пробувам да создадам моќни моменти затоа што единствено емоциите ја кажуваат вистината.„ – Paco Rabanne
Francisco (Paco) Rabaneda Cuervo e француски дизајнер со шпанско потекло. Првичната професионална определба, иронично, е апсолутно спротивна на неговите подоцнежни интереси и кариера. Како архитект, неговите идеи се рефлектираат во неговите креации и мириси, презентираат едно необично светло, интересена имплементација на градежништвото во модата и мирисниот универзум. Дизајнерот кој Коко Шанел го нарекува „металскиот работник„ отвори нови хоризонти, една нова модерна ера. Неговата ексцентричност и ексклузивност дава објаснување на мотото на брендот – „ОСМЕЛИ СЕ!“.