-30%
Ajmal Amber Santal Unisex Eau de parfum
Original price was: 10.200,00 ден.7.140,00 денCurrent price is: 7.140,00 ден.
Amber Santal од Ajmal ќе ти помогне да го обележиш твоето присуство со неговата опојна есенција од килибар. Збогатен со зачинет бибер, чемпрес и морско оревче во горните ноти, со доминантната и страстна срцевина од сандалово дрво и темјан, како и дрвенесто-килибарната основа која содржи ноти на пачули, кедрово дрво, килибар и сандалово дрво, Amber Santal ќе го ослободи твојот дух.
- За брендот
Ajmal
Приказната за основачот на Ajmal, Late Haji Ajmal Ali, е вистинска инспирација. Роден во фамилија на огледувачи на ориз во мало село во Индија, тој од рана возраст сфаќа дека земјоделството нема да обезбеди доволно за него и неговата фамилија. Откако слушнал за трговијата на Oud и како таа може да ги промени работите за опстанок, решава да ја предизвика својата судбина и со оваа одлука ќе ги постави темелите за Ajmal. Во 1951 година се сели во Мумбаи и ја отвора својата прва продавница. Останатото е историја. Со чесна и макотрпна работа, искреност и посветеност, тој полека и стабилно го гради својот бизнис. Ajmal во својата 60 годишна историја на креирање мириси ја совладува уметноста на правење парфеми и зазема уникатна нишка во светот на парфимеријата во Блискиот Исток. Денес, Ajmal е регионален корпоративен ентитет со богато портфолио од едни од најдобрите мириси во светот.







