-30%

Ajmal Evoke Gold Edition Eau de parfum for women

Original price was: 3.680,00 ден.Current price is: 2.580,00 ден.

SKU: 1827

Овој исклучителен овошно-зачинет мирис се отвора со експлозија од освежувачка и сочна малина, црна рибизла и бергамот, создавајќи прекрасна симфонија од мириси. Подготви се да бидеш воодушевена од неочекуваната срцевина, каде острината на анасон се испреплетува со привлечната и сензуална флорална алхемија на цветот ylang ylang и тубероза. За да се обезбеди трајност, дури и на влажно време, мирисот е зајакнат со цврста основа од ванила, мошус, килибар и сандалово дрво.

Ajmal

Приказната за основачот на Ajmal, Late Haji Ajmal Ali, е вистинска инспирација. Роден во фамилија на огледувачи на ориз во мало село во Индија, тој од рана возраст сфаќа дека земјоделството нема да обезбеди доволно за него и неговата фамилија. Откако слушнал за трговијата на Oud и како таа може да ги промени работите за опстанок, решава да ја предизвика својата судбина и со оваа одлука ќе ги постави темелите за Ajmal. Во 1951 година се сели во Мумбаи и ја отвора својата прва продавница. Останатото е историја. Со чесна и макотрпна работа, искреност и посветеност, тој полека и стабилно го гради својот бизнис. Ajmal во својата 60 годишна историја на креирање мириси ја совладува уметноста на правење парфеми и зазема уникатна нишка во светот на парфимеријата во Блискиот Исток. Денес, Ajmal е регионален корпоративен ентитет со богато портфолио од едни од најдобрите мириси во светот.