-30%

Ajmal Majestica Eau de parfum

Original price was: 1.220,00 ден.Current price is: 855,00 ден.

SKU: 1974

Флорално-дрвенестиот мирис на  Majestica ја воодушевува секоја жена која ќе го помириса. Цветно-зачинетата пудра е збогатена со ноти на фрезија, темјанушка, тубероза и розев бибер. Флоралната срцевина бие страстно благодарение на нотите на момина солза и роза. Завршетокот буквално ќе ве маѓепса со трио мошус, пачули и кедрово дрво.

Ajmal

Приказната за основачот на Ajmal, Late Haji Ajmal Ali, е вистинска инспирација. Роден во фамилија на огледувачи на ориз во мало село во Индија, тој од рана возраст сфаќа дека земјоделството нема да обезбеди доволно за него и неговата фамилија. Откако слушнал за трговијата на Oud и како таа може да ги промени работите за опстанок, решава да ја предизвика својата судбина и со оваа одлука ќе ги постави темелите за Ajmal. Во 1951 година се сели во Мумбаи и ја отвора својата прва продавница. Останатото е историја. Со чесна и макотрпна работа, искреност и посветеност, тој полека и стабилно го гради својот бизнис. Ajmal во својата 60 годишна историја на креирање мириси ја совладува уметноста на правење парфеми и зазема уникатна нишка во светот на парфимеријата во Блискиот Исток. Денес, Ajmal е регионален корпоративен ентитет со богато портфолио од едни од најдобрите мириси во светот.