-30%

Ajmal Orbiter Eau de parfum for men

Original price was: 2.030,00 ден.Current price is: 1.420,00 ден.

SKU: 1818

Ajmal Orbiter е мажествен мирис кој на мајсторски начин комбинира овошни и зачинети ноти, за да креира динамичен и разигран мирис. Овој мирис е дизајниран за модерниот маж кој цени мирис кој го надополнува неговиот динамичен начин на живот.

Мирисот се отвора со освежувачки микс од слатките раскошни ноти на грозје и топлите, зачински подтонови на морско оревче. Движејќи се кон срцевината, тој открива богата мешавина од интензивен цимет и кардамом, хармонично испреплетени со смирувачката суштина на лаванда. Основата на мирисот е закотвена во длабоките земјени тонови на пачули и ветивер, збогатена со сензуалните и долготрајни впечатоци на мошус и килибар. Orbiter е многу повеќе од мирис, тој е смела изјава за стил и софистицираност.

Ajmal

Приказната за основачот на Ajmal, Late Haji Ajmal Ali, е вистинска инспирација. Роден во фамилија на огледувачи на ориз во мало село во Индија, тој од рана возраст сфаќа дека земјоделството нема да обезбеди доволно за него и неговата фамилија. Откако слушнал за трговијата на Oud и како таа може да ги промени работите за опстанок, решава да ја предизвика својата судбина и со оваа одлука ќе ги постави темелите за Ajmal. Во 1951 година се сели во Мумбаи и ја отвора својата прва продавница. Останатото е историја. Со чесна и макотрпна работа, искреност и посветеност, тој полека и стабилно го гради својот бизнис. Ajmal во својата 60 годишна историја на креирање мириси ја совладува уметноста на правење парфеми и зазема уникатна нишка во светот на парфимеријата во Блискиот Исток. Денес, Ajmal е регионален корпоративен ентитет со богато портфолио од едни од најдобрите мириси во светот.