-30%
Ajmal Violet Musc Unisex Eau de parfum
Original price was: 8.700,00 ден.6.090,00 денCurrent price is: 6.090,00 ден.
Потопен во романтичноста на темјанушката,, овој мирис е нежен и цветен, збогатен со сладострасни ноти. Потсетувајќи на свежа летна градина, овој мирис е женствен исто толку колку што е смел. Горните ноти на мирисот се флорално-мошусни со момина солза, Ylang- Ylang, роза и мошус, додека срцевината е пудреста со ноти на цвет темјанушка. Основата се состои од ноти на килибар и мошус.
- За брендот
Ajmal
Приказната за основачот на Ajmal, Late Haji Ajmal Ali, е вистинска инспирација. Роден во фамилија на огледувачи на ориз во мало село во Индија, тој од рана возраст сфаќа дека земјоделството нема да обезбеди доволно за него и неговата фамилија. Откако слушнал за трговијата на Oud и како таа може да ги промени работите за опстанок, решава да ја предизвика својата судбина и со оваа одлука ќе ги постави темелите за Ajmal. Во 1951 година се сели во Мумбаи и ја отвора својата прва продавница. Останатото е историја. Со чесна и макотрпна работа, искреност и посветеност, тој полека и стабилно го гради својот бизнис. Ajmal во својата 60 годишна историја на креирање мириси ја совладува уметноста на правење парфеми и зазема уникатна нишка во светот на парфимеријата во Блискиот Исток. Денес, Ajmal е регионален корпоративен ентитет со богато портфолио од едни од најдобрите мириси во светот.





