Armani Privé Bleu Turquoise Eau de Parfum

24.700,00 ден

SKU: 1110-2-1-1-1

Уникатен соленкасто-ванилест акорд, инспириран од индиски сон.

Рок на употреба (од отворање): 12 месеци

Опис

Откријте го Armani Privé BLEU TURQUOISE – мирисен контраст во кој светлите солени ноти и темната ванила создаваат игра оживувајќи слика на море што се влева во тиркизниот Индиски Океан.

Со BLEU TURQUOISE и BLEU LAZULI, г-дин Армани ѝ оддава почит на Индија – земја каде богатата култура, историјата и легендите се преплетуваат – црпејќи инспирација од магнетната и мистична привлечност на потконтинентот. Оживувајќи ја сликата на морските бранови што се нурнуваат во тиркизните длабочини, BLEU TURQUOISE создава мирисна игра меѓу светлината и темнината.

Мистичните и густи тајни на ванилата се откриваат преку неочекувани минерални и заводливо солени ноти, формирајќи уникатен солено-ванилест акорд.

НАЧИН НА КОРИСТЕЊЕ:
Нанесете на пулсни точки: зглоб, внатрешен дел од лактот и врат.

МЕРКИ НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ:
Внимание: Загревањето може да предизвика пожар.

Armani Privé

Giorgio Armani е познат италијански моден дизајнер, најпознат по своите линии на машка облека, кој го преточува своето чувство за мода и естетска визија и во светот на мирисите, шминката и негата за кожа. Неговата елеганција, безвременска софистицираност, ненаметлива едноставност и беспрекорен стил, се одразуваат низ производите направени од најквалитетни материјали. Armani ја започнува кариерата како дизајнер на излози во стоковна куќа, а потоа и како асистент во машкиот дел. Од 1960 до 1972 година работи како дизајнер во познатата куќа Nino Cerutti, а потоа како независен дизајнер за бројни модни куќи, пред конечно да го основа својот бренд. Истоимениот бренд се проширува во текот на доцните 70-ти и раните 80-ти години, нидејќи разни колекции во различни ценовни распони, пантолони, долна облека, додатоци, а со договорот со L’Oreal, и мириси и козметички производи. Giorgio Armani Beauty го претставува Armani за жени во 1982 година, а потоа и Armani за мажи во 1984. Овие два мириси се дел од долгата и успешна низа на мириси издадени од овој бренд, продолжувајќи во овој стил низ 21-виот век.