-20%
Armani Privé Cuir Zerzura Eau de Parfum Intense
Original price was: 22.180,00 ден.17.745,00 денCurrent price is: 17.745,00 ден.
Посветен на мистичните оази на Зерзура.
Рок на употреба (од отворање): 12 месеци
- Опис
- За брендот
Опис
Откријте го унисекс мирисот Cuir Zerzura од Armani/Privé. Доловување на легендарниот, бујно зелен рај скриен во пустината, со контраст од свежо масло од мандарина и акорд на лист темјанушка, со топли ноти на кожа и доза бурбон ванила.
Во Cuir Zerzura, Giorgio Armani ја рекреира енигматичната атмосфера на мистичната оаза Зерзура. Оваа маѓепсувачка, бујна зелена долина, опкружена со море од песок и карпи, се преточува во остар контраст помеѓу свежите горни ноти и топлата, сензуална база од ноти на кожа.
Блескавите зелени горни ноти од масло од мандарина, листови од темјанушка и префинет цветен букет, се преплетуваат со топло ориентално трио од заводливи акорди на кожа, благородно масло од кедар и раскошна доза бурбон ванила.
НАЧИН НА КОРИСТЕЊЕ:
Нанесете на пулсни точки: зглоб, внатрешен дел од лактот и врат.
МЕРКИ НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ:
Внимание: Загревањето може да предизвика пожар.
Armani Privé
Giorgio Armani е познат италијански моден дизајнер, најпознат по своите линии на машка облека, кој го преточува своето чувство за мода и естетска визија и во светот на мирисите, шминката и негата за кожа. Неговата елеганција, безвременска софистицираност, ненаметлива едноставност и беспрекорен стил, се одразуваат низ производите направени од најквалитетни материјали. Armani ја започнува кариерата како дизајнер на излози во стоковна куќа, а потоа и како асистент во машкиот дел. Од 1960 до 1972 година работи како дизајнер во познатата куќа Nino Cerutti, а потоа како независен дизајнер за бројни модни куќи, пред конечно да го основа својот бренд. Истоимениот бренд се проширува во текот на доцните 70-ти и раните 80-ти години, нидејќи разни колекции во различни ценовни распони, пантолони, долна облека, додатоци, а со договорот со L’Oreal, и мириси и козметички производи. Giorgio Armani Beauty го претставува Armani за жени во 1982 година, а потоа и Armani за мажи во 1984. Овие два мириси се дел од долгата и успешна низа на мириси издадени од овој бренд, продолжувајќи во овој стил низ 21-виот век.







