Armani Privé Magenta Tanzanite Eau de Parfum

24.700,00 ден

SKU: 1110-2-1-1-1-1-1

Сензуална аура создадена од уникатна мешавина на зачини, збогатена со акорди на кафе и тутун.

Рок на употреба (од отворање): 12 месеци

Опис

Откријте го MAGENTA TANZANITE од Armani/Privé – новиот haute couture мирис што ја претставува имагинативната интерпретација на скапоцениот танзанит, инспирирана од топлата, фасцинантна аура на утрата, во мигот кога африканската савана се буди. Мирис што ја носи сензуалната аура на уникатна зачинета мешавина, збогатена со кафе и тутун.

MAGENTA TANZANITE ја прераскажува приказната на танзанитот низ нијанса на магента, доловувајќи атмосфера што делува како застаната во време – токму во оној прв, магичен здив на утрото, кога природата се буди.

Топлината на печениот акорд од уникатната мешавина на лист од тутун и кафе, контрастирана со свежо зачинети ноти од кардамон, ѓумбир и бергамот, го изразува моментот на мир и спокој во див и недопрен предел.

НАЧИН НА КОРИСТЕЊЕ:
Нанесете на пулсни точки: зглоб, внатрешен дел од лактот и врат.

МЕРКИ НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ:
Внимание: Загревањето може да предизвика пожар.

Armani Privé

Giorgio Armani е познат италијански моден дизајнер, најпознат по своите линии на машка облека, кој го преточува своето чувство за мода и естетска визија и во светот на мирисите, шминката и негата за кожа. Неговата елеганција, безвременска софистицираност, ненаметлива едноставност и беспрекорен стил, се одразуваат низ производите направени од најквалитетни материјали. Armani ја започнува кариерата како дизајнер на излози во стоковна куќа, а потоа и како асистент во машкиот дел. Од 1960 до 1972 година работи како дизајнер во познатата куќа Nino Cerutti, а потоа како независен дизајнер за бројни модни куќи, пред конечно да го основа својот бренд. Истоимениот бренд се проширува во текот на доцните 70-ти и раните 80-ти години, нидејќи разни колекции во различни ценовни распони, пантолони, долна облека, додатоци, а со договорот со L’Oreal, и мириси и козметички производи. Giorgio Armani Beauty го претставува Armani за жени во 1982 година, а потоа и Armani за мажи во 1984. Овие два мириси се дел од долгата и успешна низа на мириси издадени од овој бренд, продолжувајќи во овој стил низ 21-виот век.