-20%
Armani Privé Orangerie Venise Eau de Toilette
Original price was: 14.260,00 ден.11.410,00 денCurrent price is: 11.410,00 ден.
Мирис инспириран од природата и Медитеранот.
Рок на употреба (од отворање): 12 месеци
- Опис
- За брендот
Опис
Колекцијата Les Eaux од Armani/Privé Haute Couture Fragrances претставува омаж на легендарните градини, инспирирани од природата и Медитеранот. Со Orangerie Venise, г-дин Армани ја раскажува приказната за една италијанска волшебна рајска градина – венецијанска оранжерија. Скапоцениот цветен апсолут од портокал го исполнува воздухот со остра светлина која речиси може да се допре, украсена со ноти од кедрово дрво, композиција која потоа нежно се таложи на кожата, откривајќи ја својата долготрајност и елеганција.
НАЧИН НА КОРИСТЕЊЕ:
Нанесете на пулсни точки: зглоб, внатрешен дел од лактот и врат.
МЕРКИ НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ:
Внимание: Загревањето може да предизвика пожар.
Armani Privé
Giorgio Armani е познат италијански моден дизајнер, најпознат по своите линии на машка облека, кој го преточува своето чувство за мода и естетска визија и во светот на мирисите, шминката и негата за кожа. Неговата елеганција, безвременска софистицираност, ненаметлива едноставност и беспрекорен стил, се одразуваат низ производите направени од најквалитетни материјали. Armani ја започнува кариерата како дизајнер на излози во стоковна куќа, а потоа и како асистент во машкиот дел. Од 1960 до 1972 година работи како дизајнер во познатата куќа Nino Cerutti, а потоа како независен дизајнер за бројни модни куќи, пред конечно да го основа својот бренд. Истоимениот бренд се проширува во текот на доцните 70-ти и раните 80-ти години, нидејќи разни колекции во различни ценовни распони, пантолони, долна облека, додатоци, а со договорот со L’Oreal, и мириси и козметички производи. Giorgio Armani Beauty го претставува Armani за жени во 1982 година, а потоа и Armani за мажи во 1984. Овие два мириси се дел од долгата и успешна низа на мириси издадени од овој бренд, продолжувајќи во овој стил низ 21-виот век.







