-20%

Armani Privé Rose Alexandrie Eau de Toilette

Original price was: 14.260,00 ден.Current price is: 11.410,00 ден.

SKU: 1110-2-1-1-1-1-1-1-1-1-1-1-1-1-1-1-1-1-1-1-1

Инспириран од најомилениот цвет во светот, овој мирис е опоен потсетник дека розата навистина е единствена по својата природа.

Рок на употреба (од отворање): 12 месеци

Опис

Луксузниот мирис Rose Alexandrie ја истакнува Мајската Роза – легендарниот цвет од градините на Александрија. Црпејќи инспирација од грациозноста и префинетоста на најомилениот цвет на светот, овој парфем со роза од Дамаск е високо ценет поради својата исклучително сложена алхемија, која му овозможува да се вклопи во бесконечен број композиции. Опојна и интензивна, но и нежна но моќна во исто време, ова е цветна креација што навистина се издвојува со својата уникатност.

Посвета исполнета со љубов кон розата
„Сакав да создадам мирис кој ѝ оддава почит на розата, на контрастот во овој силен, а сепак кревок цвет. Rose Alexandrie е мојата посвета.“
– Giorgio Armani

НАЧИН НА КОРИСТЕЊЕ:
Нанесете на пулсни точки: зглоб, внатрешен дел од лактот и врат.

МЕРКИ НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ:
Внимание: Загревањето може да предизвика пожар.

Armani Privé

Giorgio Armani е познат италијански моден дизајнер, најпознат по своите линии на машка облека, кој го преточува своето чувство за мода и естетска визија и во светот на мирисите, шминката и негата за кожа. Неговата елеганција, безвременска софистицираност, ненаметлива едноставност и беспрекорен стил, се одразуваат низ производите направени од најквалитетни материјали. Armani ја започнува кариерата како дизајнер на излози во стоковна куќа, а потоа и како асистент во машкиот дел. Од 1960 до 1972 година работи како дизајнер во познатата куќа Nino Cerutti, а потоа како независен дизајнер за бројни модни куќи, пред конечно да го основа својот бренд. Истоимениот бренд се проширува во текот на доцните 70-ти и раните 80-ти години, нидејќи разни колекции во различни ценовни распони, пантолони, долна облека, додатоци, а со договорот со L’Oreal, и мириси и козметички производи. Giorgio Armani Beauty го претставува Armani за жени во 1982 година, а потоа и Armani за мажи во 1984. Овие два мириси се дел од долгата и успешна низа на мириси издадени од овој бренд, продолжувајќи во овој стил низ 21-виот век.