Armani Privé Rouge Malachite Eau de Parfum

Price range: 17.390,00 ден through 24.700,00 ден

SKU: 1110-2-1

Сензуална тубероза што во себе ги носи мистичните контрасти на Русија.

Рок на употреба (од отворање): 12 месеци

Опис

Откријте го Armani/Privé Rouge Malachite – имагинарниот црвен камен што открива сензуална, раскошна тубероза што тивко пулсира под ледените руски простори.
ROUGE MALACHITE и VERT MALACHITE претставуваат омаж на Русија – земја што за Giorgio Armani е длабок извор на инспирација и емоција.

ROUGE MALACHITE е израз на контрастната природа на руската култура, со нејзината мистична и опојна сила што го фасцинира Армани. Тоа е земја на спротивности и скриена моќ, каде искушението и страста пулсираат под ледениот површински мир. Овој замислен црвен камен од неговата имагинација ја открива туберозата во нејзината раскош и сензуалност.

Сензуални акорди со изобилни ноти што се движат меѓу сила и нежност. Деликатните, но моќни цветови откриваат кремаст, длабоко привлечен мирис – речиси опсесивен во својата мекост.

НАЧИН НА КОРИСТЕЊЕ:
Нанесете на пулсни точки: зглоб, внатрешен дел од лактот и врат.

МЕРКИ НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ:
Внимание: Загревањето може да предизвика пожар.

Armani Privé

Giorgio Armani е познат италијански моден дизајнер, најпознат по своите линии на машка облека, кој го преточува своето чувство за мода и естетска визија и во светот на мирисите, шминката и негата за кожа. Неговата елеганција, безвременска софистицираност, ненаметлива едноставност и беспрекорен стил, се одразуваат низ производите направени од најквалитетни материјали. Armani ја започнува кариерата како дизајнер на излози во стоковна куќа, а потоа и како асистент во машкиот дел. Од 1960 до 1972 година работи како дизајнер во познатата куќа Nino Cerutti, а потоа како независен дизајнер за бројни модни куќи, пред конечно да го основа својот бренд. Истоимениот бренд се проширува во текот на доцните 70-ти и раните 80-ти години, нидејќи разни колекции во различни ценовни распони, пантолони, долна облека, додатоци, а со договорот со L’Oreal, и мириси и козметички производи. Giorgio Armani Beauty го претставува Armani за жени во 1982 година, а потоа и Armani за мажи во 1984. Овие два мириси се дел од долгата и успешна низа на мириси издадени од овој бренд, продолжувајќи во овој стил низ 21-виот век.