Armani Privé Sable Nuit Eau de Parfum Intense

22.840,00 ден

SKU: 1110-2-1-1-1-1-1-1-1-1-1-1-1-1-1-1-1-1-2-1-1-1

Откријте го Armani Privé Sable Nuit.

Рок на употреба (од отворање): 12 месеци

Опис

Откриј го Armani Privé Sable Nuit. Овој контрастен ориентален, зачинет eau de parfum intense, ја слави средбата меѓу свежината на величествените бистри ноќи и топлината на вжарението пустински песок.

Овој долготраен сензуален мирис се отвора со блескави и свежи горни ноти на олибанум, придружени со розев бибер. Додека бензоинот и лабданумот ја збогатуваат неговата срцевина за да создадат балсамична, килибарна топлина, кедарот и пачулито внесуваат длабока и магнетична аура. Во основата, олибанумот добива мистериозен, минерално-зачаден карактер, кога се сретнува со амброксан и раскошната, топла и дрвенеста база од ванила.

НАЧИН НА КОРИСТЕЊЕ:
Нанесете на пулсни точки: зглоб, внатрешен дел од лактот и врат.

МЕРКИ НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ:
Внимание: Загревањето може да предизвика пожар.

Armani Privé

Giorgio Armani е познат италијански моден дизајнер, најпознат по своите линии на машка облека, кој го преточува своето чувство за мода и естетска визија и во светот на мирисите, шминката и негата за кожа. Неговата елеганција, безвременска софистицираност, ненаметлива едноставност и беспрекорен стил, се одразуваат низ производите направени од најквалитетни материјали. Armani ја започнува кариерата како дизајнер на излози во стоковна куќа, а потоа и како асистент во машкиот дел. Од 1960 до 1972 година работи како дизајнер во познатата куќа Nino Cerutti, а потоа како независен дизајнер за бројни модни куќи, пред конечно да го основа својот бренд. Истоимениот бренд се проширува во текот на доцните 70-ти и раните 80-ти години, нидејќи разни колекции во различни ценовни распони, пантолони, долна облека, додатоци, а со договорот со L’Oreal, и мириси и козметички производи. Giorgio Armani Beauty го претставува Armani за жени во 1982 година, а потоа и Armani за мажи во 1984. Овие два мириси се дел од долгата и успешна низа на мириси издадени од овој бренд, продолжувајќи во овој стил низ 21-виот век.