Boss Bottled Eau de parfum

Price range: 6.070,00 ден through 7.990,00 ден

SKU: 1113

BOSS Parfums го претставува Eau de Parfum на BOSS Bottled фамилијата мириси и открива нов смел правец за Мажот на денешницата: Биди тоа што си. Што тебе те прави посебен? Во свет каде патот до самоисполнувањето е поразновиден од кога и да било претходно, секој маж е слободен да биде личноста која сака да биде. Со лансирањето на новиот BOSS Bottled Eau de Parfum, BOSS го кани секој Маж на денешницата да сподели што него го инспирира, неговите страсти и вредности, и како тој тежнее кон неговите цели и сонови.

Рафинирана дрвенесто-зачинета композиција, креирана од мастер парфимерката Honorine Blanc, BOSS Bottled Eau de Parfum носи нова интензивност на топлината и динамичноста на безвременскиот и препознатлив BOSS Bottled. Експлозијата од јаболко и бергамот, контрастирана со есенција од црн бибер, ги буди сетилата. Зачинетата срцевина се развива
со ноти на привлечен костен, кардамом и масло од цимет, кои водат кон основните ноти составени од темен ветивер и мошус, со цел да дадат “пригушена“ трага на кожата.

Култното BOSS Bottled шишенце, сега прикажува џус обоен во сива боја со топли нијанси на костен, рефлектирајќи ги длабоките мажествени тоналитети на Eau de Parfum. Капачето во златна боја додава рафиниран завршеток. Нудејќи моќен баланс од сила и софистицираност, оваа благородна композиција е создадена за амбициозните мажи подготвени да се соочат со секој предизвик кој ќе им наиде на патот.

Рок на траење по отварање на производот: 36 месеци

Boss

BOSS Perfumes се експертски изработени за да ја отсликаат моќната личност на BOSS мажот и жената, нудејќи рафинирани и модерни парфеми дизајнирани да го збогатат изгледот на оној кој ги носи и да го надополнат нивниот модерен начин на живот.