-25%

Bvlgari Man Rain Essence Eau De Parfum 100ml + Eau De Parfum 15ml

Original price was: 9.900,00 ден.Current price is: 7.425,00 ден.

Достапност: На залиха SKU: 783320422331

Свеж дрвенесто-мошусен мирис, кој оддава почит на трансформативната моќ на дождот.

За брендот:
Основан во Рим во 1884 година од страна на талентираниот грчки сребрар Sotirio Bulgari, брендот за многу брзо се стекнува со репутација за италијанска експертиза со исклучителна изработка и прекрасени креации на накит. Со децении, генерациите Bulgari дефинираа препознатлив стил направен од комбинации на вибрантни бои, исклучително балансирани волумени и непогрешливи мотиви кои оддавачат почит на римските корени на компанијата. Секогаш почитувајќи го своето културно наследство, Bvlgari претставуваат иновации кои повторно ги испишуваат правилата на универзумот на накит и лансираат нови трендови кои се издвојуваат како икони на модерниот дизајн. Bvlgari започнува со производство на парфеми во раните 1990-ти години, кога нивната парфемска линија водена од Franceso Trapani (внук на Sotirio Bulgari) е основана во Швајцарија. Првиот мирис на куќата, Eau Parfumee au The Vert, е лансиран во 1992 година. 

Опис

Како магичниот момент кога последната капка паѓа и сè изгледа различно, Bvlgari Man Rain Essence е покана да се искуси менувачката и креативната сила на дождот преку свеж и минерален потпис.

Мастер парфимерот Alberto Morillas го доловува ова исчекување, возбудата и живописната трага на дождот во мирисно крешендо. Мирисот се отвора со енергичната арома на зелен чај и пенливата свежина на есенција од портокал. Во срцевината, мирисот зрачи со чиста интензивост на капки дожд преку транспарентната нота на бел лотус и елегантната харизма на нота на кристален мошус. Конечно, мажествениот и длабок минерален килибар и дрвенестите ноти на гвајак дрво во основата, потсетуваат на регенеративното чувство во воздухот откако ќе помине дождот.

Шишето на Bvlgari Man Rain Essence изгледа како да е обликувано од флуидна енергија која генерира непредвидливи рефлекции и есенцијалната, рафинирана привлечност. Елегантниот сребрен сјај и привлечниот огледален ефект на капачето, кои потсетуваат на огледалниот ефект на капка вода, го украсуваат проѕирното стаклено шише, доловувајќи го чистото и свежо чувство на мирисот.

Bvlgari