Cacharel Amor Amor Eau de toilette 50ml + лосион за тело 50ml x 2
4.680,00 ден
Amor Amor е мирис на страсните жени, млади ентузијасти за животот. Мирис кој ја пренесува визијата за љубовта на брендот Cacharel. Нејзиниот мирис е како стрела на љубовта која никој не може да ја заборави. Страста, романтиката и љубовта ја претставуваат суштината на овој мирис концентрирана во нејзиното препознатливо шише.
Како љубовна напивка, композицијата е обоена со живописнo црвена боја која ги комбинира магичните ноти на цвеќе и овошје. Горните ноти на розев грејпфрут, портокал, мандарина, црна рибизла и бергамот, се надополнети со ноти на јасмин, свежи кајсии, роза, крин и момина солза кои ја исполнуваат срцевината на оваа композиција. Основата е составена од ноти на ванила, тонка зрно, килибар, кедар и мошус. Amor Amor претставува ода на најчистите чувства, тоалетна вода која те тера да сакате многу и страсно.
Сетот содржи: Amor Amor Eau de toilette 50ml + лосион за тело 50ml x 2
Рок на траење по отварање на производот: 24 месеци
- За брендот
Cacharel
Jean Bousquet го основа брендот Cacharel во 1962 година како модна линија за ослободените жени на ерата. Дизајнерската филозофија на “удобност и леснотија при носење“ станува препознатлив стил на Cacharel. Младешкиот стил, женственоста, леснотијата, рафинираноста и користењето светли бои го издвојуваат Cacharel од останатите. Во доцните 70-ти е основана линијата на мириси Cacharel, со лансирањето на романтичниот и цветен Anais Anais. Како други најпродавани мириси се издвојуваат Eden, Loulou и Amor Amor, секој инспириран од заводливата женственост.








